Чудно како одма го превземаат опел. А Цитроен никој не го пипка со години.
Или лошо продаваат опел или и цитроен ке отиде наскоро.
Citroen нема зошто да го пипка некој. Автонова продава одлично и во Македонија, и во околните земји за кои е застапник. Плус, ова не е „одма“ - Opel е под PSA скоро три години. Мање-више исто долго траат и преговорите за нов регионален застапник. Во конкуренција беа неколку македонски, регионални, но и големи европски компании.
Аутомакедонија и Цем добиваат конкуренција?
Не е толку едноставно. Во моментов, регионалниот импортер за Opel е во Србија, а нашите дилери купуваат од него. Со оваа промена, регионален застапник и импортер станува Еуроимпекс, а сите други дилери (АутоЦем, Аутомакедонија, и соодветните фирми во околните земји) ќе набавуваат возила преку Еуроимпекс. Така веќе функционираат Peugeot и Citroen во регионот (регионален застапник и импортер за Citroen е Автонова), а бидејќи Opel е сега на PSA, очекувана беше промената.
Како и да е, убави вести се ова. И искрено, баш ми е мило што македонска компанија е регионален претставник за повеќе балкански земји.