Не се изразив најпрецизно
Не ми се најбитни перформансите, туку чувството додека возам брзо. Мини оне нема интересна вожња, има поинтересна од пежо 207, али толку од интересното
Мене не ми е најбитно колку брзо се движам, и дали некој е побрз од мене, а уште помалку дали тоа е Ферари или Тигра склапана со кинески делови.
Поинтересно би ми било да возам тркачко Југо, или старото Мини олдтајмер, отколку на пример некој Леон дизел со 300 коња кој е неспоредливо побрз.
Додека неколку дена возев Мини од првите со 1000 кубика ми беше многу поинтересно него сега што секој ден возам дизел со 140 коња и многу подобри перформанси.
Aj сега и јас да се изразам најпрецизно...пошто не заслужуваш reply каков што вчера ти пишав , пошто заспав.
Сите тука сакаме да возиме брзи автомобили од 50, 80 100 .000 евра или ете како што ти си пишал од 250.000 евра.
Не дека сакаме да сме најбрзи , туку како што сам кажа, бидејќи уживаме во чуството додека возиме брзо.
Ова важи и за момак кој најмногу што може да си дозволи е ОПЦ и за момак кој може да купу М5..
Мислам, да не се лажеме, да не му е битна брзината и перформнсите, ќе си купи 5 ка дизел, а не М5...Така?
Јасно е дека не може секој да си дозволи да го има тоа што го сака..јбг..јас сакам Хелкат повеќе од било кое М5 или Ферари..
Просечните можности на најголем дел од луѓево се да можат да купат 1.4 или 1.6 хеч на ново или некој дизел..или за истата сума нешто на старо.
И тука се двоиме на две групи:
- едни викаат ново си е ново иси нов возат Фокус, Астра , Леон , Голф...Fine.
- други викаат дај да видам што побрзо/појдобро за мене можам да купам за тие пари на старо.
За мене, на ново , во истава тема имам пишано вака, а се однесува на Опел, Голф и Фокус...
Лично, не би купил ништо ново од трите.
Сите се слично срање, помалку или повеќе..а тоа дека едни се најбољи другиве тапа, тоа мало сутра.
Кога веќе сум решил да купам нешто побрзо на старо и сам знаеш дека барав исклучиво Калибра Турбо...а не дај шта даш.
Од слични причини (кои веќе ги пиша) ти си купил Интегра, по цена на нов Џез или Цивик ( не знам), а сега возиш Мини кое не ти е порачано од салон.
Е сега..кога веќе ќе кушиш она што си барал, сосема , сосема логичен чекор е она што си го купил дома да сакаш да го напраивш по брзо, подобро.. Повторно, не за да бидеш најбрз, туку за уште повеќе да уживаш во чувството додека возиш брзо.
И нормално, одврзуваш кесето, порачуваш, праиш, жртвуваш викенди, а понекогаш и годишни одмори и се посветуваш на колата.
Тука не зборам за редовни сервиси и поправки, туку баш набавка на скапи играчки/работи кои и не мора да ги купиш, али ете..сакаш..
Во целиот тој процес , последната работа која ти паѓа на памет е "Дали ќе бидеш побрз од овој или оној..или од М5".
Верувам дека и дечките со Вектра ОПЦ и Астра ОПЦ не размислувале вака додека ги билдале колите и верувам дека и двајцата радо би поседувале М5 наместо Опел, но немаат пари за таква кола бидејќи, како што видовме ново М5 кошта 100.000 еура, а тјунинг на Вектра ОПЦ кошта најмногу упола од М5..а во реалност третина.
Но..( и ова е едно големо Но)..типот со М5 не го сретнале случајно на улица, туку одлучил да се трка и снима со 4 пати поефтин Опел , и се дешава што се дешава.
Не ме занима дали типот со М5 откако изгубил си помислил "на крајот од денот Опел е Опел, а јас сум фраер во М5"..или ќе иде да залупа уште 10.000 евра на тјунинг за да не му се повтори истото..или ќе ја даде право на отпад..едноставно, не ме занима...АЛИ нема бегање од фактот дека и него и тоа како го занимаат перформанси и брзина и сака да е брз..во спротивно немало да купи М5 , туку 5ка дизел.
Од друга страна, момакот во Опелот ( или Голф или Форд нека е ) и тоа како ќе се осеќа супер кога ќе сфати дека после се што направил, потрошил и жртвувал, случајно успеал своето возило да го направи побрзо од она кое никогаш не може да си го дозволи.
Затоа, лично, мене ми се по симпатични вториве и како "ентузијасти" ги почитувам повеќе и по забавно ми е во нивно друштво.
Ти гарантирам, после цел процес, татиното синче во М5 многу полесно ќе се откаже од колата за нешто друго, појако или побрзо, отколку момаков во Опелот.
Gotta live it , to believe it.