Прашање.
Акумулатор овој:
Испразнет многу, скоро неќе ни да вергла, односно вергла бавно. Едит: Кога го приклучив на полначот, не беше пониско од 12.4 волти.
Го полнам на ова:
И му требаат повеќе од 48 часа. За тоа време оди до 14,6 волти, па намалува до 12,хх волти. Цело време индикаторот за полнење (знакче во облик на кола) трепка, значи не завршил со полнење и затоа не го прекинав (а и демек полначот има триста заштити). На крај протече од страна и падна на 12,9 волти. Дури тогаш престана да трепка.
Стрелката покажува капка што се појави после бришење (сигурен сум дека избришав и на тоа место), а веројатно тече од дупчето горе.
1. Дали треба и дали постои начин да ја надополнам течноста (со дестилирана вода)? Ми изгледа како да не се отвора акумулаторот, ама да си прашам. Истече отприлика 1 супена лажица течност.
2. Дали пак да го приклучам да се полни? Се разбира дека ќе го оставам да се одмори и да видам дали уште ќе тече, но глупо ми е што заврши на 12,9 волти, значи ненаполнет.
3. Не му е паднат капацитетот премногу, нели? Мислам дека е доволно за југото да тера уште некое време.