Автор Тема: ФУДБАЛ  (Прочитано 244015 пати)

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1095 на: 12 Октомври 2012, 23:52:28 pm »
Папата да дојди неможи да не опрај! Немаме никаков квалитет!

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1096 на: 12 Октомври 2012, 23:53:46 pm »
Не бил голманот крив, рефлекторите биле многу јаки!

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1097 на: 12 Октомври 2012, 23:56:25 pm »
Можи и топката со ќошој беше!

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1098 на: 12 Октомври 2012, 23:59:25 pm »
Никад нема да тепаме со вакви играчи... топката го мава Величе во глава и се одбива 3 метра, не знам кој таму проба да ја смири на гради, се одми 3 метри... како од зид да се одбиваат топките

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1099 на: 13 Октомври 2012, 00:06:25 am »
Tолку е квалитетот наш, по една ѕвезда на 10-20 години, како Пандев, Панчев, по некое изненадување, 1-1 Шкотска, 2-2, 0-0  Англија, по некоја добра игра со пораз и толку. Секогаш ќе си бидиме на дното. Едноставно не не бива.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1100 на: 13 Октомври 2012, 01:50:23 am »
Ај што се чекаше долго за влез, се чекаше. Ај се порадувавме малце, бидна и радоста. Ама вториот гол... без коментар.  да сакаше намерно, НЕМАШЕ да изреагира така. ама тоа е, за жал анти-талентот преовладува.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1101 на: 13 Октомври 2012, 01:52:32 am »
Majко мила. Измрзнав, но ајде од почеток.

Прво, левиот и десниот бек, катастрофа. Значи ги немаше. Чорлука прима топка, смирува, од корнер, и тоа на ќош на петерец, и тоа на нога???
Are you fucking serious??? Нормално, гол.

Хрвативе ке дуплираат на една од крилните страни и веднаш прават акција за гол.
Попов цела утакмица не успева да нафрли ЕДНА топка како што треба, предвидлив како изборна програма.

Значи 6-7 корнери нашата одбрана никако да сконта дека секоја топка од Хрватите иде на друга статива, Hello, цел натпревар???
Кај е селекторот, што гледа?

А Богатинов, па царе, на топка се трча, излегува откако е шутната,  НЕ ПРЕТХОДНО, не си во општинска лига царе.
Од местото каде што седевме, јасно се виде дека може да го лобува, и тоа 10-тина секунди пред изведувањето на ударот, и почнав да се дерам, бегај назад, ама се деси што се деси.

Ме интересираат баш 2 ситуации, дали навистина имаше корнер по кој што примивме гол, и дали имаше пенал за Пандевво првото полувреме?

Фаулот од кој примивме гол беше сосема непотребен.

Светла точка е Ибрахими!

Во цела Македонска репезентација нема еден кој знае асално да изведе корнер, а не да дава балон топки.
Примаме топка на врв на 16-ник, и наместо да се мисли на гол, се враќа топката назад.

Хрватите свесно поквалитетни, ама не можам да се помирам со начинот на кој ги примивме головите! Поклони!
Играа пред преполн стадион, а залагањето беше, т.е го немаше!

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4396
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1102 на: 13 Октомври 2012, 08:28:55 am »
боље игравме у гости сто пути,мада и вчера можевме нерешено да извадиме,со оглед на тоа дека двата гола ги примивме ептен пацерски,а пак хрватите имаа уште 2-3 јаки шанси пред гол,среќа не шутираа ко што треба.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1103 на: 13 Октомври 2012, 10:55:16 am »
Не знам што се замарате со фудбал? Ќе пуштат две реклами на телевизија, сега Хрвтаска ќе ја згазиме, вака нака и се палат сите, готово растир ќе ги напраиме!

Со кој играчи, со кој квалитет? Па нели гледате дека од како го примивме голот не стиснаа не можевме 16/кот да го поминеме?

Мене ми се чини дека повеќето репрезентации од нашата група играат и че играат против нас со пола сили, колку да се помине! И овака и онака ќе не тепаат!

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1104 на: 13 Октомври 2012, 14:36:14 pm »
Нашиве што беа очај беа ама кај беше публиката цела утакмица.Џабе полн стадион кога во театар е погласно одколку вчера на стадион.Цело второ полувреме глас не се слушна ама тоа е кога дојде цела Македонија со гратис карти и баш им е гајле дали ќе победат или не ,дошле да си се прошетаат.Секаде по Европа публиката и навивачите се сметаат за 12-ти играч,а кај нас се сметаат за грицкачи на семки и сончоглед.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1105 на: 13 Октомври 2012, 14:40:49 pm »
И кај нас се сметаат за 12-ти играч, ама за противничката екипа.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1106 на: 13 Октомври 2012, 14:51:45 pm »
Па не верувам дека за оваа утакмица и за таа у вторник имало гратис карти.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1107 на: 13 Октомври 2012, 15:15:38 pm »
Па не верувам дека за оваа утакмица и за таа у вторник имало гратис карти.

+1

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1108 на: 13 Октомври 2012, 17:01:20 pm »
Нашиве што беа очај беа ама кај беше публиката цела утакмица.Џабе полн стадион кога во театар е погласно одколку вчера на стадион.Цело второ полувреме глас не се слушна ама тоа е кога дојде цела Македонија со гратис карти и баш им е гајле дали ќе победат или не ,дошле да си се прошетаат.Секаде по Европа публиката и навивачите се сметаат за 12-ти играч,а кај нас се сметаат за грицкачи на семки и сончоглед.
Јас бев на запад со комитите, имаше 2-3ца воџи кои што цело време се обидуваа да направат атмосфера, ама џабе. Ај јужна колку толку соработуеше, мада 2 пати викавме цела јужна педери, ама северна беше ужасно мртва трибина, значи ни едно у-а-македонија не направија ко што треба. На крај и комитите престанаа со навивање зашто немаше фајде никој не беше заинтересиран за тоа, никој не ги пратеше.

@Tommy
Имав многу добар поглед кога го фаулираа Пандев и според мене имаше прекршок, затоа што од тоа што успеав да видам еден од хрватите му пружи нога и Пандев се сопна, само не сум сигурен дали беше внатре во 16-ник, па и да судеше фаул не знам дали ќе беше пенал.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8004
  • Плинаш!!!
Одг: ФУДБАЛ
« Одговори #1109 на: 13 Октомври 2012, 17:49:12 pm »
Беше чист пенал, во 16-ник беше, али нема везе, неможе секогаш судиите да ни бидат криви. Примивме 2 мноооооогу ефтини голови.