Автор Тема: Мислење за Volkswagen Up  (Прочитано 3671 пати)

Отсутен Fabulousness

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Мислење за Volkswagen Up
« на: 13 Февруари 2022, 02:16:39 am »
Здраво дечки, полагам моментално и ме интересира ваше мислење за Volkswagen Up како прв автомобил. Конкретно што го гледав е 2013та година, 1.0 бензинец, 80000 километража (дискутабилно), CUP ниво на опрема, навигација, греачи на седишта, лиени бандажи и панорамски кров (да или не? Бидејќи изгледа убаво но дали е паметно и практично...). Безбедноста ми е на прво место секако. Дали некој има искуство со овој модел? Секое мислење е добредојдено. 😊

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мислење за Volkswagen Up
« Одговори #1 на: 13 Февруари 2022, 02:52:37 am »
Абе што е убаво.... туку небитно ко за прва кола. Возилцето не е лосо, практично е и лесно за возење, го има возено @zeroSignal
Ти сега млад си, веројатно и не заработуваш, ама на таа километража сега ќе треба големи сервиси да правиш, што кошта прилично.
Што пари му бараат на тоа?

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1879
Одг: Мислење за Volkswagen Up
« Одговори #2 на: 13 Февруари 2022, 02:53:36 am »
Гледај Поло ако е во буџет, дома имам Поло 2011-та, 3 врати, за низ град е милина. Ако ти е паркирањето проблем ова е многу лесно за паркирање, Ап-от е помал ама реално нема примена освен од овде до онде да тркнеш со него, а и на слики ми изгледа мн евтина внатрешноста.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Мислење за Volkswagen Up
« Одговори #3 на: 13 Февруари 2022, 03:25:35 am »
Добредојде @Fabulousness !

Прво би те прашал зошто километражата е дискутабилна?
Дали сакаш да купиш од директен познаник или од некој плац за користени автомобили?

Ако немаш некој покрај тебе што (буквално) ќе те штити од измамници,
секогаш постои варијанта да се однесе возилото на проверка во Порше Скопје и да се утврди комплетна историја.
Ако немаш пристап до сервисна книшка, особено тогаш - носење на проверка, па макар и да ги покриеш трошоците за тоа, само да е добра колата.

2013-та е сè уште свежа година, па би требало таква проверка да пројде лесно :)

А кога веќе го спомнаа погоре zeroSignal, еве да не биде дека мене лично ми е фаворит Up, нека каже тој малку подетално на што да се пази :)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен nethervor18

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Мислење за Volkswagen Up
« Одговори #4 на: 13 Февруари 2022, 07:57:19 am »
Стариот мој зема Up 2013 (со таа разлика што тој го има од 2018) со 90к км. Има сменето уље 4 пати. На 120к км смени сет каиш во овластен сервис околу 21 000 денари. Во обичен сервис не би чинело ни пола од тоа.
Друго нема чепнато (а и немал никаков проблем).

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Мислење за Volkswagen Up
« Одговори #5 на: 13 Февруари 2022, 08:02:46 am »
Добредојде @Fabulousness !

Прво би те прашал зошто километражата е дискутабилна?


UP, 2013та, со навигација. You do the math.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Мислење за Volkswagen Up
« Одговори #6 на: 13 Февруари 2022, 08:27:12 am »
Добредојде @Fabulousness !

Прво би те прашал зошто километражата е дискутабилна?


UP, 2013та, со навигација. You do the math.
Кола рентана?

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30069
    • CARclub.mk
Одг: Мислење за Volkswagen Up
« Одговори #7 на: 13 Февруари 2022, 10:17:12 am »
Прекрасно и супер-практично мало количе. Можеби најдоброто количе во својата класа. Формата гарантира лесно маневрирање и паркирање низ град, а и многу простор во кабината (со оглед на надворешните димензии, секако).

Километражата не би требало да е чудна, градско количе е, не се возело многу-многу на отворено. Не би рекол дека е рент-а-кар. Колку што ми текнува, Up не доаѓа(ше) со навигација, него со држач за телефон и користи навигација од него.

Плус, убавата опрема го прави уште поубаво. Уште сега се радувам и јас!

Јас би го земал и не би размислувал (дури ми е криво што нема вакви кај нас). Едноставен бензинец, нема што многу-многу да се расипе. Плус, одржувањето му е евтино. Go for it!

Отсутен Fabulousness

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Мислење за Volkswagen Up
« Одговори #8 на: 13 Февруари 2022, 11:09:47 am »
Му бараат 6700... Дома имаме Polo старо 20 и кусур години па сакав нешто поново, помало и практично. Работам во приватен сектор и мислам дека ќе можам да ја поднесам таа сума, само да е квалитетно и да вреди... Има и поевтини и понови (2014та, 2015та година) само не се со full опрема и имаат поминато 150-200000 km. Во градот кој живеам сите комерцијалисти или дистрибутери возат Up (во смисла саглам се извозени). Сфаќам дека не  купувам нова кола и не знам за што е користена претходно, но би било убаво да е сочувана... Бидејќи за жал немам кој да ме заштити од измамници, проверка во Порше звучи добро. Ќе си ги покријам трошоците само не знаев дека постои тоа како опција...
« Последно менување: 13 Февруари 2022, 11:50:15 am Fabulousness »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Мислење за Volkswagen Up
« Одговори #9 на: 13 Февруари 2022, 11:21:24 am »
Знам дека цените отидоа, но не можам да ја преџвакам таа сума за 9 годишен тротинет, можеби и што никогаш не сум свршувал на богата опрема која според мене би била само адут за побрза продажба отколку за цена во небеса.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5930
Одг: Мислење за Volkswagen Up
« Одговори #10 на: 13 Февруари 2022, 11:35:24 am »
Ова ако е 6700, јас меганот пола година постар со 70000км треба 11500 да го огласам.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Fabulousness

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Мислење за Volkswagen Up
« Одговори #11 на: 13 Февруари 2022, 11:48:40 am »
И мене ми звучи малку нереална цената, голф 6ка ќе се најде за 7000...
« Последно менување: 13 Февруари 2022, 11:57:28 am Fabulousness »

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3869
Одг: Мислење за Volkswagen Up
« Одговори #12 на: 13 Февруари 2022, 13:07:49 pm »
Pa daj mu go meganot ete ti, naprajte biznis 😁

Отсутен nethervor18

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Мислење за Volkswagen Up
« Одговори #13 на: 13 Февруари 2022, 13:59:23 pm »
Што е со цената???

Стариот го купи 6000 евра во 2018 со 90к км, UP од 2013, како што кажав претходно.

Исто 1.0, не фул опрема ама секако 6700 е ретардирана цена сега.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Мислење за Volkswagen Up
« Одговори #14 на: 13 Февруари 2022, 14:49:17 pm »
Погледни и фиат панда, 1.2 мотор, мала километража.
edit : На фб и реклама5, има неколку твинга, 1.2 мотор, од 2011/12 година, по 3000 евра. Околу 100тина илјади километри имаат поминато.
edit2 : Погледни и шкода ситиго, и сеат мии, иста коцка, различен знак на волан и хауба, а 2000 евра се поефтини.
« Последно менување: 13 Февруари 2022, 15:12:27 pm bear »
Никогаш не вели никогаш.