Што побрзо менуваш тоа подобро. Не дека нешто ќе му биде на колата. Можеш уште 2-3 месеци да поминеш.
Дали сега ќе ги дадеш парите, дали по два-три месеци, исто му доаѓа.
Глупости, како може да е исто? И зошто го мериш интервалот стриктно во месеци?
На CarClub сме, не сме на Фемина да гледаме дати од последен мал сервис „Мамички, сменив уље и штопна на 12.06.2022, дали да менувам денес?"
Пример, ако правиш мал сервис на 14.000km - на 100k километри тоа се седум мали сервиси.
Ако правиш мал сервис на 10.000km - на 100k километри тоа се 10 мали сервиси.
Eпа 300 евра (во просек) заштедено од три мали сервиси помалку не е многу, не е ни малку заштеда.
Ама тоа се скоро 260 и кусур литра дизел заштедени или околу 3700km (7l/100 потрошувачка). Или тоа се 4 четири нови гуми од средна класа (со кои би поминал барем 1/5 од 100k километражата спомната погоре).