Да не беа навлаките ѓубрето ке беше на седиштата и ќе беше исчистено, а за што ке ги чуваш седиштата нови? За наредниот газда? Навлаки на кола е исто како чорапи на папуча!
Sent from my M2102J20SG using Tapatalk
Муабетот за под маса. За кого ќе сум ги чувал седиштата, за наредниот газда. Е не, ќе се возам со флека под мене.
Јас цел живот, уште од првата Застава што сме ја имале, секогаш сме ставале навлаки.
Еве ја Нубирата 20+ години ја имаме, втор сет навлаки сменавме пред 10 години, интериерот и седиштата се чичка зачувани. Ни смрдеа, ни прашина ни ништо, ни ронки, ни ѓаоли.
Башка не е кола во која многу сме се притресувале, дали сме јаделе нешто внатре, грицки, мицки по пат.
Ако не ми веруваш, ќе ти ја донесам разгледај ја. Никогаш не е правно хемиско во колата. Никогаш.
Првиот сет навлаки се искинаа особено на возачкото седиште, одоздола седиштата се зачувани.
Петта кола ми е Шкодата што сум монтирал навлаки и ама баш никогаш не сум зажалил што сум ставил.