Автор Тема: Измами околу препродажба на автомобили  (Прочитано 9730 пати)

Отсутен gtiT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 171
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #15 на: 26 Април 2022, 15:29:51 pm »
Ретко постои кола на плац со реална километража. Ќе си рачунаш затоа 30000км годишно мин. и никад нема да се осетиш излажан.  :)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #16 на: 26 Април 2022, 16:15:31 pm »
Не верувајте секогаш на бројот на шасија што ви го праќаат.

Еднаш бендисав Ауди А3 од Крива Паланка и му пишувам да ми прати број на шасија, ми вика нема проблем ќе ти пратам. Кога го проверив бројот, излезе дека ми праќа број на шасија од А3-ка од 2008 година, а таа за која прашував беше 2006 :D Километрите ок беа на таа од 2008-ма. Му викам грешен број ми прати, дај точниот од таа од 2006 и ми вика сум ја згрешил сообраќајната, сум ти пратил од Ауди што ми е на царина :D , ке ти пратам утре од тоа што бараш. И не ми прати :D

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #17 на: 22 Јули 2022, 07:31:34 am »
се јавува вчера човек,од фирма Интеко,и нарачува 7 бојлери. Праќа тековна состојба од ујп, бара фактура на одложено 30 дена,а да ми даде кеш додека не ја плати. Бара да се достават во долна Лешница,Тетовско.
Организирам се, и се јавува дали е проблем да ми даде во Ѓорче некој човек дел за кола да му однесам. ок. После некое време, бара моја сметка,да ми уплател за делот,и да му дадам 16500 на мајсторот.
Тргаме. Го барам мајсторов, договараме кај да ме чека. Кај Влае му ѕвонам, ми вика накај Гостивар возам. Па што не му ги дадеш деловите му викам уз пат? Дечко,300 на саат сме,немам време,ми исклучи. Ѕвонам кај овој за бојлерите,ми исклучува. Почнувам да пребарувам на нет,едвај доаѓам до некој од Интеко. Дали имате вработен Даниел? Немаме. Колата вртење и враќање.
Разврска: дечките 4 месеци го прават ова. Од Интеко се немоќни,сегде пријавувале. Мобилните што ми ѕвонеа, откако закрпиле некој,ги фрлаат. Нарачуваат роба, уз пат да им донесат дел,му даваат ѓубре,ги зимаат парите и ги нема.
Јас вчера заработив 16500 денари, ова го пишувам за да не наседне некој. Секој ден по 4-5 души им се јавуваат дека ги наседнале

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #18 на: 22 Јули 2022, 12:34:14 pm »
Па, може да се најде кој е штом ти плаќал во банка.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #19 на: 22 Јули 2022, 12:45:06 pm »
Битно си лапна 250€, кој ги е*и сега  :)

Мене тука во  Германија ми вртеа некој филмови ко го продавав мобилниот, имаат направено лажни банкарски мејлови и ти стига меил дека парите се уплатени  на твоја сметка од Г-дин ХХ ама се пендинг и треба да купиш и пратиш слика од ваучери(најчесто Стеам за игри) во вредност од 200€ со видлив код од ваучерот на истиот меил од "банката" и парите ќе ти бидат префрлени...ги отерав у курац и ги снема.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #20 на: 22 Јули 2022, 12:45:16 pm »
Па, може да се најде кој е штом ти плаќал во банка.

Ама и не мора.  ;D
Нека ти врти секој месец по 16500, тебе нема да ти смета.  :)
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #21 на: 22 Јули 2022, 13:16:28 pm »
Па, може да се најде кој е штом ти плаќал во банка.
не ми плати,не го ни најдов. бојлерите беа мамка да дојдам. дневно паралелно тера со неколку луѓе,еден го закрпува и веќе тој број не го користат

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #22 на: 22 Јули 2022, 13:31:16 pm »
Како не ти текна дека е превара, цело време ја трубат по вестите.Да го пријавеше в полиција во меѓувреме ќе го фатеа живарка..
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #23 на: 22 Јули 2022, 13:45:58 pm »
На пријател со рент-а-кар му направија слична шема пред 2 години, даде пари за некој дел во Скопје, па дремеше на аеродром чекајќи некои гости од Турција што требаше да му ги вратат парите, кои нормално дека никогаш не дојдоа.

На крај го најдоа конкретниот сторител на преварата и излезе дека лежи затвор (Шутка или Идризово не сум сигурен) и од што му е досадно си разработел одличен метод на превара :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #24 на: 22 Јули 2022, 15:39:21 pm »
Како не ти текна дека е превара, цело време ја трубат по вестите.Да го пријавеше в полиција во меѓувреме ќе го фатеа живарка..
не сум видел, иначе ќе ми текнеше. пријавен е сегде,џабе,не можеле да го фатат (очигледно дека нејќат,или е умешан некој од МВР). секој ден различни луѓе му се јавуваат на газдата дека се измамени

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #25 на: 22 Јули 2022, 19:41:13 pm »
Мислиш ти заштеди 16500 (дека не му даде твои пари на "мајсторот" или како? Не разбрав баш...

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #26 на: 22 Јули 2022, 21:17:54 pm »
Заштедил затоа што не го одрале.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #27 на: 22 Јули 2022, 21:19:58 pm »
Не е забакарил дека рекол заработил наместо заштедил :D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #28 на: 22 Јули 2022, 21:54:33 pm »
Не е забакарил дека рекол заработил наместо заштедил :D
Далдисал е не е забакарил.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #29 на: 22 Јули 2022, 21:55:46 pm »
Мислиш ти заштеди 16500 (дека не му даде твои пари на "мајсторот" или како? Не разбрав баш...
yes