се јавува вчера човек,од фирма Интеко,и нарачува 7 бојлери. Праќа тековна состојба од ујп, бара фактура на одложено 30 дена,а да ми даде кеш додека не ја плати. Бара да се достават во долна Лешница,Тетовско.
Организирам се, и се јавува дали е проблем да ми даде во Ѓорче некој човек дел за кола да му однесам. ок. После некое време, бара моја сметка,да ми уплател за делот,и да му дадам 16500 на мајсторот.
Тргаме. Го барам мајсторов, договараме кај да ме чека. Кај Влае му ѕвонам, ми вика накај Гостивар возам. Па што не му ги дадеш деловите му викам уз пат? Дечко,300 на саат сме,немам време,ми исклучи. Ѕвонам кај овој за бојлерите,ми исклучува. Почнувам да пребарувам на нет,едвај доаѓам до некој од Интеко. Дали имате вработен Даниел? Немаме. Колата вртење и враќање.
Разврска: дечките 4 месеци го прават ова. Од Интеко се немоќни,сегде пријавувале. Мобилните што ми ѕвонеа, откако закрпиле некој,ги фрлаат. Нарачуваат роба, уз пат да им донесат дел,му даваат ѓубре,ги зимаат парите и ги нема.
Јас вчера заработив 16500 денари, ова го пишувам за да не наседне некој. Секој ден по 4-5 души им се јавуваат дека ги наседнале