Другари,
Како што реков само Џулија QV може да ме натера да дадам ќеш пари, а исто реков дека шансата за тоа е многу мала. Лизинг е права работа, ќешот си е кај тебе а си книжиш трошок. Значи НОВА!
Инаку темава можеби прерано ја отворив ама имајќи го предвид времето на чекање и времето на одлука, можеби и не. Супербот треба да го плаќам до декември 2022 така да ништо од продавање до тогаш.
Е сеа на темата.
Понудата од Волво за С60 Т8 Р-дизајн со "сите екстри уникат" e папрена... Ако отидам у тој паричен сектор, се отвараат многу можности.
Да биде не послабо опремена од Супербот излезе 84к. Ту мач... Да е нијанса пониско од 70к и да размислам, вака ноуп.
508 е следна...