Што те нервира мануелната, послабо грее или?
Можда и ја сум размазен од претходната (Мазда 3 хеч, автоматска клима), ама коа ќе стаиш 23C, и ќе вклучиш циркулација, си останува така и после гасење мотор итн. Оваа сега, стај на „првото црвено“ дур е незагреано - дува ладно (ај, очекувано). После ~10 мин, џабе вртиш од „млако“ до „врело“, разликата е мала, секад е речиси неподносливо топло.
За замаглување исто хаос, никад не ми се дешавало да апсолутно
морам да отворам да влезе воздух од надвор за да брзо ми одмагли. Да, 90% од времето возам само на циркулација, пошо таа ми е редовната релација кај што палат стрништа/се греат на дрва итн. не се дише.
За ладењето немав толку време да ја испробав (ипак во октомври ја земав), ама не се сеќавам на никакви „проблеми“ или нервози.