Едно мое кратко видување, ќе гледам искрено да биде:
На страна тоа дека си има години, километри итн, сите убавини на колава се осеќаат на автопат. Се осеќа тежината, стабилноста, управувањето, силата на моторот кога ќе ти затреба, крузањето на темпомат итн. Толку, тоа е се.
Не е за низ град, не дека е голема, ја си сакам каравани и си ги привикнав, ама кубикажата и силата реално не се толку потребни. Мислам....
Со колава си одат повеќе синдроми, зависи колку си зелен или созреан во црпката, имаш класика синдром на БМВ каде почнуваш да тролаш и те мава к*рчот, имаш синдром на пензионер, каде уживаш (пак ќе кажам, уживање осетив само на автопат) итн....лично не знам дали сум зелен или не, ама знам мерак да си направам кога можам.
Потрошувачка по Борд вика 9.8 градска што мене не ми е за верување, скоро сигурен сум дека е над 10 накај 11.
На отворено сега истепав некој си 800км исто по борд вика 6.6л, стил на возење скоро нормален, без излети.
Да не испадне тропам, имам возено и доста понови и нови возила, ама нема да ја споредувам со нив, секоја си нуди своја убавина, маана и слично.
Генерално механички е се океј со колата, пред патување имав доза несигурност, кратко се дружиме и не се познаваме, возраста што ја има, очекувам се, ама си реков ќе бидам оптимист. Не ме изневери.
Ќе гледам да ја одржувам во најдобра кондиција.
Кожата ми е срање невидено, после Полото реков никогаш пак кожа, ама никогаш не вели никогаш. Јебига, ќе разгледаме што може да се направи.
Удобна е, ми се допаѓа седењето, прва кола каде си најдов одлична положба, физички мислам дека малку како потесен е гепекот од Пасатот, ама тоа и не е толку битно за еднаш-два пати во годината.
Има уште за пишување, ама тоа би било на кратко, ако е стварно кратко.