Здраво дечки, денес улета Меганчево. После месец со една кола, не ја биваше, така да се одлучивме со таткоми дека мора да земаме уште една. После гледање неколку локални коли изборот падна на меганов, купена во мк, 2010 година, втор газда, 164ккм поминати и добро ниво на опрема. Интересно аутце, стегнато е и убоо потегнува, доста просторно, мала потрошња, голем гепек, со еден збор, домаќинска кола(спротивно од Лекси).
Од опрема издвојувам :
Блутут конекција
Автоматска двозонска клима
Автоматски долги светла
Сензор за дожд
Сензори за паркирање
Патен компјутер
Темпомат
Дигитална километража
15” челични со солидни зимски гуми
Планови за иднина :
Редовен сервис16ки или 17ки летен сет
(17ки ги иам од лексу со нови гуми ако пасира центарот ќе биде топ)
Полирање
БрисачиХемиско
Суптилно затемнувањеРемапче
Еве и некоја слика денес што успеав..
Отворен за идеи,
@MartinAlfista почна со неговите, мора да го направиме да издвојува од другите…
Sent from my iPhone using Tapatalk