Се допишав со еден пријател на мој пријател кој има долгогодишно искуство со механички тјунинг уште од минатото, а во поново време и со софтверски. Меѓу другото има тјунирано многу C20LET мотори. Според него, а мислам дека сите ќе се согласиме, небитна е максималната моќност туку вртежниот момент/моќноста во работниот опсег на вртежи (од средни вртежи па до исклучување). Вели, дури и при професионално изработени ECU мапи на stock C20LET мотор во работен опсег е ризчно да се покачат вртежниот момент и максималната моќност за повеќе од 30% поради драстично зголемените температури и механички напрегања.
На прашањето кој е безбеден/доверлив буст на перформанси за секојдневна употреба во која има сценарија како она да ја разпукаш машината на отворен пат ко Ниш - Загреб. Вели, ако моторот е сочуван и одржуван(а тоа значи дека редовно се менувани сите компоненти во временски интервали предвидени од производителот) со професионално изведени мапи тој мотор ќе нема проблеми на долги стази со појачување на вртежниот момент и моќноста во границите од 20% до 25% во однос на фабричките перформанси. Притоа морално е користење на врвно уље и квалитетен високо-октански бензин (кој кај нас го нема). Го прашав зошто тогаш некои познати тјунерски куќи ветуваат големи цифри како 300-350КС. Вели дека некои лажат, а други намерно прават не-ефикасен тјуннинг така што ќе наштелуваат високи пикови. Пиковите на клиентите им даваат лажна перцепција за придобивките од тјунингот, а за сметка на нив се губи голема порција на реални перформанси. Бројките од пиковите треба да ги занемарувам и најдобро е перформансите да ги тестира профи возач на стаза или да ги споредам кривите добиени со тестови пред и потоа на профи динамометар.
Како одговор на прашањето дали фабричките клипови можат да издржат до 600КС и дали некој успешно постигнал таков тјунинг, добив "LoL". Вели да не верувам во митови и секоја приказна која ќе ја прочитам на интернет. 600КС била амбициозно сериозна моќност за C20LET. До сега видел иљадници тјунирани C20LET со фабрички клипови и меѓу нив нема таков кој на мерење покажал бар приближна бројка. Од неговото искуство најголема моќност/вртежен момент на C20LET со фабрички клипови го спровеле на некоја Аскона наменета за градско курчење и тоа затоа што сопственикот инсистирал на нереално агресивен буст. Најпрво и промениле и додале едно чудо делови од грани, турбина, интеркулер, блоу оф вентили, буст контрол, инјектори, пумпи за гориво, кастм компјутер и др. Сопственикот бил нестрплив да ги дочека остатокот од деловите кои веќе биле порачани и стигнале за 2-3 недели, па ги исфорсирал работите. На динамометар според кривите речиси дуплирна била моќноста и вртежнииот момент од уклучување на тубрина(над 2000RPM) па нагоре, а колку што се сеќава пиковите биле околу 420KS и 600NM. Сопственикот го зарибал моторот за помалку од 2 недели и тоа не го зарибал туку буквално го стопил. Кога го отвориле не знаеле кои од парталите се од клипови, а кои од вентили. Не им било јасно дали кариките изгореле или се претопиле во другите парчиња метал. Битно ги немало.
Со сиот респект кон неговите познавањата, искуствоа и реноме, јас нему ќе му верувам повеќе одошто на муабетите кои се раскажуваат во разни кругови на ентузијасти и аматери тјунери и тркачи. Немам намера некого да омаловажам или увредам, најмалку некој овде на форумов, но овој човек мислам дека е доста поискусен и од најискусните овде кој е дел од R&D инжинерингот на една од 10-те најпознати светски тјунинг - куќи/групации. По негово барање не смеам да кажам кој е и каде работи поради интерните кодекси и правила на компанијата.