Мене ме интересира подвозјето, на тестот таа е 1.7 тони, колку кг е стандардната ТБ верзија?
Нешто помалку од 1.4 тони.
Ете, имаш на сајт, да не куцам пак.
Го прочитав официјалниот тест. Супер е.
Ама некој збор - два без граници. Не мора реферати.
Overall, колата е многу, многу добра. Focus е нијанса подиректен, ама и 308-цата е одлична за возење. Одлично изгледа, фит и финиш се многу добри (би рекол скоро на ниво на премиумците, освен во некои детали) и целото искуство е многу хај тек.
Малку помалку простор на задна клупа во однос на конкуренти, ама јас тоа не го гледам како проблем - и така позади би се возеле деца. Поважно е дека има поголем багажник.
Покрај Мазда 3 ми е најубава кола во класата. Има детали што не ми се свиѓаат (задниот браник, тркалата), ама како пакет, особено во GT издание изгледа одлично. Целосно гледано, на самиот врв во класата. Ми фали нормален хот хеч или некоја 160-тина коња турбо-блејзин варијанта за да биде warm hatch опција.