Автор Тема: Opel Astra J 1.6 Turbo Sport  (Прочитано 2811 пати)

Отсутен filipbmkd

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
  • OPEL POWER!
Opel Astra J 1.6 Turbo Sport
« на: 16 Септември 2021, 16:15:46 pm »
Еве клуб после 4 месеца барање, конечно најдов во Словенија каква што сакам и може да се каже дека испадна повеќе од тоа што сакав  ;D
Колата е купена од трет газда, колата е гаражирана без точка на неа, све си е функционално, има 180 000 реални со сервисна книшка и сите останати документи.
Колата има све од опрема само не е со греачи на седишта ( што не ми ни треба ) и нема дисплеј со навигација,
друго све има што е потребно.
Има биксенон светла, лед дневни, лед позади, амибентно осветлување внатре, и да не набројувам многу.
Колата има 19ки летни, исто така добив и зимни челични ганц нови 18ки.
Моторот е 1.6 Турбо со 180кс што за мене е супер, сега наредната недела ќе ги сменам задните дискови, ребраст, филтри и уље, за колата сите рекоа дека е одлична, познаничката што ја пративме во Словенија да направи договор со продавачот рече колата е многу добра, исто шоферот што ја донесе ми го потврди тоа, на терминал истото го рекоа и уште кој не, и вие да ја видите во живо би го рекле истото сигурен сум.
Сега за цената испадна малце повеќе колку што очекувавме ама вреди за парите!
Еве неколку сликички.






« Последно менување: 19 Септември 2021, 14:01:05 pm filipbmkd »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Opel Astra J 1.6 Turbo Sport
« Одговори #1 на: 16 Септември 2021, 16:17:59 pm »
Си бара поголем бандаж.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: Opel Astra J 1.6 Turbo Sport
« Одговори #2 на: 16 Септември 2021, 16:18:29 pm »
Uba sreka da ja prati i mn kilometri :)

Sent from my SM-G770F using Tapatalk


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Opel Astra J 1.6 Turbo Sport
« Одговори #3 на: 16 Септември 2021, 16:21:33 pm »
Убаво возило со среќа, само ептен грдо изгледа со ваков бандаж, гломазно и невкусно според мене. Гледам корозија на полумесеците среди си го дур не се проширило.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra J 1.6 Turbo Sport
« Одговори #4 на: 16 Септември 2021, 17:13:38 pm »
Одлична кола, промашен бандаж, ама среќа тоа лесно се менува.

Со здравје и мерак да си ја возиш!

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra J 1.6 Turbo Sport
« Одговори #5 на: 16 Септември 2021, 17:24:28 pm »
Со здравје да се вози. Не викај дека нема точка на неа, тука снајперисти сме ние.

Зошто побогу некој би ставал 19-ка на Астра?

Едино за изглед, imo. Ама, кај конкретниов бандаж, и изгледот е промашен.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Opel Astra J 1.6 Turbo Sport
« Одговори #6 на: 16 Септември 2021, 17:40:16 pm »
Со здравје да се вози, бандажот катастрофа е, ја прави колата неколку нивоа по неубава од што е.

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: Opel Astra J 1.6 Turbo Sport
« Одговори #7 на: 16 Септември 2021, 19:52:07 pm »
Со здравје  да се вози колата, и јас барав 1.6т ама многу тешко па затоа се помирив со 1.4т. Инаку дисковите им се слаба страна на овие модели ради тежината а и моторното кочење на турбо бензините им е нула. Него зошто спорт, таков модел е или ти така си ја крсти.

Отсутен Azriel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 695
Одг: Opel Astra J 1.6 Turbo Sport
« Одговори #8 на: 17 Септември 2021, 07:10:16 am »
Со здравје да ја возиш многу безгрижни километри. :)

П.С. Плаче колава за 18ка бандаж 😁
Seat Leon 1.4 TSI

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Opel Astra J 1.6 Turbo Sport
« Одговори #9 на: 17 Септември 2021, 08:00:31 am »
Со здравје да се вози, уживај во колата, најбитно мерак да ти прави, а колегите од форумот веќе ти сугерираа за бандажите, ем за изглед ем за удобност да идеш на помали, 17 или 18, нашите патишта мислам дека не се за поголеми од 17.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Opel Astra J 1.6 Turbo Sport
« Одговори #10 на: 17 Септември 2021, 15:01:32 pm »
Создравје да се вози другар. Мнооооооогу безгрижни и забавни километри ;D

Отсутен filipbmkd

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
  • OPEL POWER!
Одг: Opel Astra J 1.6 Turbo Sport
« Одговори #11 на: 18 Септември 2021, 19:07:49 pm »
Фала ви, поубава да си купите   ::)
За бандажите и јас викав дека лоши кога ја видов колата на оглас, но кога ги видов во живо си го сменив мислењето, многу подобро и стојат но сепак е мој вкус, понатака да ми помине мерак сигурно би ги сменил и би ставил помали бидејќи стварно премногу се осеќа и на дупки ама кај и да е ќе ги ставам зимните за месец дена.
Со здравје  да се вози колата, и јас барав 1.6т ама многу тешко па затоа се помирив со 1.4т. Инаку дисковите им се слаба страна на овие модели ради тежината а и моторното кочење на турбо бензините им е нула. Него зошто спорт, таков модел е или ти така си ја крсти.
Таков модел е, и царина искочи 500евра плус бидејќи според број на шасија се водела како спорт

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: Opel Astra J 1.6 Turbo Sport
« Одговори #12 на: 19 Септември 2021, 09:19:55 am »
Колку што знам спорт моделите имаат спорт копче, и кога ке го притиснеш се укрутува амортизацијата  и додава некој коњ плус, вака озгледа


free pic upload

Имаш и sport tourer ама тоа е ознака за караван.
« Последно менување: 19 Септември 2021, 09:41:55 am M.Meskov »

Отсутен filipbmkd

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
  • OPEL POWER!
Одг: Opel Astra J 1.6 Turbo Sport
« Одговори #13 на: 19 Септември 2021, 09:36:52 am »
Колку што знам спорт моделите имаат спорт копче, и кога ке го притиснеш се укрутува амортизацијата  и додава некој коњ плус, вака озгледа


free pic upload
Вајда не мора да значи ако нема спорт копче дека не е спорт, можеби има спортски спирали/амортизери и др

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: Opel Astra J 1.6 Turbo Sport
« Одговори #14 на: 19 Септември 2021, 09:48:51 am »
Вајда не мора да значи ако нема спорт копче дека не е спорт, можеби има спортски спирали/амортизери и др

[/quote]

Може да за тоа и пршав, гтц моделите имаат скроз различна предница, па ако не ти е тешко сликни кога ке можеш да видиме како е кај тебе.