Автор Тема: Ford Fiesta  (Прочитано 7073 пати)

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Ford Fiesta
« на: 11 Февруари 2011, 23:59:01 pm »
Ме интересира ваше мислење за новата Ford Fiesta, дали вреди за тие пари? :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #1 на: 12 Февруари 2011, 00:24:15 am »
Зависи за кои пари, али ја би играл на карта „Фиеста“... Број 1 ми е од „малечките“ :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #2 на: 12 Февруари 2011, 00:36:51 am »
Беспрекорна е. 1.4 Титаниум за 11.000 крај.

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #3 на: 12 Февруари 2011, 00:45:27 am »
па за 12 и нешто илјади, 1.4 Титаниум со 16-ки бандаш, заден спојлер и целосно затемнети задни стакла :)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #4 на: 12 Февруари 2011, 01:01:01 am »
Она спава. Ама пробај потсимни ја цената. Штознам. Како и да е колата е безобразие. Од вожња, од комфор, од мотор, од потрошња, од матерјали, од изглед... Милина. Повози ја, ако не си ја повозел и немаш гајле. Јас би рекол Фиеста 1.4 или ТДЦи и уште една малку поскапа доаѓа во обзир.
Али си спие аутцето!

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #5 на: 12 Февруари 2011, 10:52:35 am »
биди по конкретен со прашањето дали вреди.
која опција ја имаш и колку пари.
еве види ја мојата фиеста http://www.carclub.mk/index.php/topic,181.0.html
« Последно менување: 12 Февруари 2011, 10:56:57 am maci »
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #6 на: 12 Февруари 2011, 15:57:04 pm »
биди по конкретен со прашањето дали вреди.
која опција ја имаш и колку пари.
еве види ја мојата фиеста http://www.carclub.mk/index.php/topic,181.0.html
Па конкретно 1.4 бензин Титаниум, ме интересира дали е добро направена, подвозје, мотор, шасија... пакетот на опрема и не ми е толку битен :)
Инаку топ ти е Фиестата, само јас би бела боја :)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #7 на: 12 Февруари 2011, 16:14:06 pm »
биди по конкретен со прашањето дали вреди.
која опција ја имаш и колку пари.
еве види ја мојата фиеста http://www.carclub.mk/index.php/topic,181.0.html
Па конкретно 1.4 бензин Титаниум, ме интересира дали е добро направена, подвозје, мотор, шасија... пакетот на опрема и не ми е толку битен :)
Инаку топ ти е Фиестата, само јас би бела боја :)
Коска е количето. Само ја не би бела. :)

П.С. Ако го избегнеш 1.25 моторот и најслабото ниво на опрема, колата е лудница. Затоа и реков 1.4 титаниум пред ти да спомнеш нешто. Земи ако можеш со 5 врати зошто мене ме нервира како се влегува на задните седиште со 3 врати. Ствар укуса може, ама еве да ти кажам. Предните седишта не се враќаат до кај што си биле кога ќе ги кренеш. Има како се прави за да се вратат, ама сега многу е глупово и досадно на СЕКОЈ што ќе влезе да му објаснувам. Затоа би рекол 5 врати. Во Ауди речимо се дига цело седиште и се враќа комплетно исто како што си го ставил, КАКО И ДА ГО БУТНЕШ.

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #8 на: 12 Февруари 2011, 16:36:51 pm »
:):):):):)
Фала многу за информациите, треба да се помине до салон да се види за тест вожња и со лагер како се. :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #9 на: 12 Февруари 2011, 18:14:31 pm »
1.25 моторчето е всушност многу, многу добро. За Форд го развиваше Јамаха, и одлично е. Другарче ја имаше претходната фиеста со тој мотор, со три врати, и беше ептем погодено моторчето. Не знам како е во оваа сега.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #10 на: 12 Февруари 2011, 18:15:25 pm »
1.25 моторчето е всушност многу, многу добро. За Форд го развиваше Јамаха, и одлично е. Другарче ја имаше претходната фиеста со тој мотор, со три врати, и беше ептем погодено моторчето. Не знам како е во оваа сега.

Odlicno e, ama ne e bas ekonomicno

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен John

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #11 на: 20 Февруари 2011, 22:40:49 pm »
бев на тест возење на фиеста 1.4 титаниум.. 200 км имаше тест возилото, мераци.. крајно фер ми дадоа да и се изнавозам, на аутопут do 150-160, по коцка, по дупки, у кривини, да ја стиснам, да му се залепам на еден стар мерџо отпозади и сл =)

најс е. одлично вози. ме нервираа воланот и 90s мобилка дизајнот на средина на шал таблата. тегне, ама не нешто спектакуларно. троа повеќе очекував од 96 коња. потрошувачката покажа нешо као 9 л (ваљда поради 200 поминати км не знам..  :-\). се на се солидно.
а и со цени попуштиле баајги, не знам која е баш причината, али беа расположени за "понижење" ептен. од ваму-таму блиски извори, слушнав дека и уште доле ќе иделе со цените.

11500 мислам дека стигнавме за кола иста као тест возилото. =)

DayWalker

  • Гостин
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #12 на: 25 Февруари 2011, 16:00:54 pm »
Одлична е фиестата, јас ја имм веќе 4 месеци повеќето ја знаете сеа ке ја парикирам и ќе ја претставам па ќе можете да ја видите :) Инаку е 1.25 моторот со 82 коња и сум презадоволен...не е најбрза ама е супер.Квалитет на материјалите е екстра се на се преубава кола. Пак да треба сега да купувам кола, пак би ја избрал фиестата многу сум задоволен, а и се заљубив у неа ептен :)

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #13 на: 25 Февруари 2011, 16:52:17 pm »
Баш би сакал да ја видам.
И јас се решив за Фиеста, ама ќе си почекам да ја донесат :)

DayWalker

  • Гостин
Одг: Ford Fiesta
« Одговори #14 на: 25 Февруари 2011, 17:17:16 pm »
Одлично нема да зажалиш верувај!! инаку можеш да ја видиш, ама по грешка темата ја отворив во Нови автомобили а не во Возила на челонови, ама ајде ќе ја преместат администратори/модератор :) Инаку што фиеста ќе земеш? каква боја и која опрема?