Имав интересна понуда да ја продадам старата Астра Н што не смеев да ја пропуштам и не ја пропуштив па така дојдов до по новата генерација Астра Ј. Во годините не е многу разлика старата беше 2007ма а оваа е крај 2010та моделска 2011. На неа пишуваше дека има 150 000 ама увезена е од Италија така да незнам колку се реалните. Со оглед дека предходната имаше 100 000 кога ја продадов а бев прв газда и беше максимално чувана во гаража и одржувана , а оваа е во подобра состојба има шанса и да се реални километрите, ама тоа не ни многу важно.
Значи моторот е 1.4Т со 140hp искомбиниран со 6 брзини мењач и можам да кажам дека е доста интересно количе за возење. За разлика од предходната 1.4 90hp што мораш да ја држиш над 2000rpm оваа најверојатно поради турбото комотно се движи и одржува брзина на ниски обртаи па и на 1200 во 4та не покажува слабост а потрошувачката да не скокне до небо.
Е сега тоа 140hp звучи интересно ама не е баш така , има слаб обртен момент од само 200nm а и тежината не и е во прилог ама е сосема доволно и за норманла вожња и ако сакаш да со поиграш. Во комбинација е чип тунинг и како што се информирав ке добијам 250-60 nm , коњажата не ми е битна колку ке биде толку.
Од старна опрема нема многу но се води како Космо изгледа поради тоа што има припреми за додатоци , нешто што е многу практично се автоматски светла, сензори за дожд, електрична рачна со hilholder што е стварно прекрасна работа, полукожен салон (мада велур седиштата се врв) , 17" бандажи со 215/50/ дименјазија на гуми. Во план сум да ставам поголеми ,овие некако се губат во полумесеците ама ми е страв да не ја угушам, размислувам за 215/55 .
Од кога ја земав поминав околу 5000км и сум задоволен , кога ја купив освен редовен т.е масло GM 5W30 DEXOS1 GEN2 , филтер за масло GM, масло во менуваш Motul Gear300 75W90 свекици BOSCH doubleiridium, антифриз GM црвен , сменив еден пластичен разводник за антифриз што е фабричка маана (напукнува и тече антифриз) и се менува на секои 100 000 а знае и порано да отиде, ама не е скап оригинал ГМ е 2500 ден, а успат и цревото што е врзано за тој разводникот, не беше баш за менување ама да не го мислам, малку имаше текстура од внатрешната страна изгледа затоа што минува многу блику до ауспухот и турбото.
Ај толку за сега, ако има некој коментар или совет слободно нека каже.
Еве и малку слики:
crozer keystoneВоланот беше ок ама пак ставив навлака , некако позгодно ми е
Рачките ги офарбав во пиано
При менување на цревото и разводникот морав да го вадам браникот