Автор Тема: Ford Focus 1.0 ecoboost  (Прочитано 3025 пати)

Отсутен gooner

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Ford Focus 1.0 ecoboost
« на: 18 Август 2021, 12:37:44 pm »
Здраво екипа, барам совет за што да тјунирам на фордот да извадам уште малку од него. Инаку е чипуван од 125кс на 150кс од старт, размислував во аспект на филтер за воздух ама секоја нова препорака би била добродојдена.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ford Focus 1.0 ecoboost
« Одговори #1 на: 18 Август 2021, 12:50:47 pm »
Ај седи мирен да не вадиш мотор од него ;D Иначе на турбо мотори, за да дишат поубаво им треба cold air intake (усис без многу рестрикции) и down pipe со поголем дијаметар, што најчесто значи или тргање катализатор(и) или ставање спортски.

Следно ќе треба да гледаш други турбини и други дизни, што мислам дека не се исплати бидејќи и тоа си креира ризик за самиот мотор.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Ford Focus 1.0 ecoboost
« Одговори #2 на: 18 Август 2021, 12:52:21 pm »
Здраво екипа, барам совет за што да тјунирам на фордот да извадам уште малку од него. Инаку е чипуван од 125кс на 150кс од старт, размислував во аспект на филтер за воздух ама секоја нова препорака би била добродојдена.

За 1.0 мотор, сосема солидни ти се 150 КС.

Ако веќе сакаш повеќе, треба посериозни зафати, а реално глупаво е да малтретираш 1000 кубика мотор.

Филтри митри, ветер во магла е тоа.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Ford Focus 1.0 ecoboost
« Одговори #3 на: 18 Август 2021, 13:22:15 pm »
Продај го и купи си 1.6 /1.5 екобуст со 150/180кс.

Ќе ти најдам купец одма за 1.0.
:)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ford Focus 1.0 ecoboost
« Одговори #4 на: 18 Август 2021, 13:31:08 pm »
Здраво екипа, барам совет за што да тјунирам на фордот да извадам уште малку од него. Инаку е чипуван од 125кс на 150кс од старт, размислував во аспект на филтер за воздух ама секоја нова препорака би била добродојдена.
Закачи се на Focusfanatics.com форумот таму ќе најдеш повеќе ресурси. Генерално таму ги бустаат до 200кс 1.0 Ecoboost ама за тоа ќе ти отидат многу пари а и голем ризик по моторот е.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Ford Focus 1.0 ecoboost
« Одговори #5 на: 18 Август 2021, 15:39:55 pm »
Продај го и купи си 1.6 /1.5 екобуст со 150/180кс.

Ќе ти најдам купец одма за 1.0.
:)

Најпаметна работа.

1.0 моторот на 200 коња е изживување :)

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 725
Одг: Ford Focus 1.0 ecoboost
« Одговори #6 на: 18 Август 2021, 16:06:47 pm »

Закачи се на Focusfanatics.com форумот таму ќе најдеш повеќе ресурси. Генерално таму ги бустаат до 200кс 1.0 Ecoboost ама за тоа ќе ти отидат многу пари а и голем ризик по моторот е.

zostho bi maltretiral motorche od edna golema  krigla pivo da izvadi 200konja a pri toa em da go koshta edno chudo pari em da go rizikuva motorot?

shto vikashe eden profesor na elektro .. kolegi snagata snaga nosi...site nie sakame moderna zenska od grad shto ima 50kila i e visoka i slaba .. ama na niva taa nemoze da kopa (kolku i da mu bila seljachka sporedbata) vo pravo bil chovekot... zatoa sega traat motorchinjava po 50.000 i tuku ke pukne neshto

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Ford Focus 1.0 ecoboost
« Одговори #7 на: 18 Август 2021, 18:45:13 pm »
Дај го тој, и земи си СТ 2017та. Верувај.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ford Focus 1.0 ecoboost
« Одговори #8 на: 18 Август 2021, 19:15:07 pm »

Закачи се на Focusfanatics.com форумот таму ќе најдеш повеќе ресурси. Генерално таму ги бустаат до 200кс 1.0 Ecoboost ама за тоа ќе ти отидат многу пари а и голем ризик по моторот е.

zostho bi maltretiral motorche od edna golema  krigla pivo da izvadi 200konja a pri toa em da go koshta edno chudo pari em da go rizikuva motorot?

shto vikashe eden profesor na elektro .. kolegi snagata snaga nosi...site nie sakame moderna zenska od grad shto ima 50kila i e visoka i slaba .. ama na niva taa nemoze da kopa (kolku i da mu bila seljachka sporedbata) vo pravo bil chovekot... zatoa sega traat motorchinjava po 50.000 i tuku ke pukne neshto


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Ford Focus 1.0 ecoboost
« Одговори #9 на: 18 Август 2021, 19:20:57 pm »
Дај го тој, и земи си СТ 2017та. Верувај.
Мислам дека и со него за кратко време ќе му се здосади па ќе му пораснат апетитите уште повеќе.  ;D
Али нека проба,ќе има занимација во меѓувреме.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D