Citroen Jumpy, со вадење на двете седишта, ради навлаките. Пошто требаше да ги вадам, а навлаките се по мерка и кај средниот каиш се монтирани со отвор, мораше да се извадат седиштата, да се извади каишот, па да се извади навлаката.
Овој момент кај ставање навлаки не го разбрав. Имено, навлака нели се става за да можеш релативно лесно да ја извадиш и да ја испереш. Ако ја ставаш со намера да не ја вадиш, што е поентата? Му ги чуваш седиштата на наредниот сопственик? Овие поготово, немаа од оние малите куки за закачување, туку беа сите ластици во чвор врзани. Одлично беа скроени и наместени, ама да не се вадат.
Како и да е, ме стемни. 7.5 саати.



















