Да не речете после „Мартин пребира многу“. Пишувам оглас во Фејсбук групата „Форд Клуб Македонија“ дека барам Фиеста. Ми пишуе човеков, ми нуди Фиеста, ваљда тогаш ја довлечкал.

Сеа стигнала до оглас колата, магично намалила 60.000.
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=4056459Проблем е што овие што ми нудат Фиести не знаат дека имам примерок со 80.000 од кој влечам референци, и на таа кола
ништо не е мрднато нити изабено за тие километри и 9 години.
Аналогно на тоа, на 160.000 очекувам
некои траги од користење, а не пеплосани наслони на седишта и теписони што ако ги усисаш, ќе се распаднат.
Тешка превара е пазаров на половни возила, особено возила кои имаат поголема побарувачка. Коли со 140-160 илјади во странство коштаат колку нашиве увезени.
Реално, ова не е ништо ново ама ете, да си поплачам малце.
Пример 2:
Кола за која бев стварно заинтересиран - примамлива цена, напукана со опрема, личи здраво и неизвозено внатре и надвор. Имам глупа навика, за колата што ќе ја гледам истражувам буквално се што ќе најдам. Конкретниот примерок е Clio 20th Anniversary, стандардизирани пакети на опрема базирани на највисокото ниво на опрема, со можности за избор на ситници како греачи на седишта и панорама кров (кои колава ги има).
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=2766094Чекам да дое денот кога се договоривме да ја гледам, и си ги листам сликите, отварам огласи на mobile.de да гледам други примероци со слична километража, и приметувам дека нешто ми е различно ама не можам да ставам прст што точно е разликата. Читам press releases и сфаќам дека сите 20th Anniversary Клиовци имаат кожна шалтабла со контрастни шавови и темпомат.
Ова ги нема. Испукале перничињата, не нашле возачко перниче со темпомат, не нашле шалтабла од исто Клио и ставиле тоа што нашле... И му откажав на човекот, што ќе му трошам и нему, а и себе време.