Глеам и дунди некои ама од помалите Поголемите дунди не ми ги собира во гаража, другар со Megane Coupe не може да влезе и излезе од гаража без да испогребе све од доле
Дојди види го Клиото на брат ми чисто да видиш дали такво возило ти фаќа око, 2009та е, мене ептен позитивно ме изненади.
Гледав и возев едно со 49000 поминати, фејслифт демек со подобри материјали внатре. Океј е, не е ништо посебно, потврдо од PSA, помеко од VW, нешто меѓу. Пишував во какво стање беше конкретниот примерок и зошто не го пазарив на некоја од претходните страни.
Ова другото што ми се допадна е некое си "20th Anniversary" со дополнителна опрема како навигација и стаклен кров, а и греачи на седишта. Реално поради опремата ми делува интересно, не поради колата како модел. Може ќе одам да го видам до Тетово ако најдам расположен другар.