Автор Тема: Bmw E60 530d 2005  (Прочитано 9378 пати)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Bmw E60 530d 2005
« на: 09 Јули 2021, 12:07:26 pm »
Да го представам и новото бмв, после 2 месеци долго барање, мислење, разгледување на све и свашта се одлучив баш за ова како најздраво и најсочувано и што ми направи најповеќе мерак од сите..

Бмв е60 530д автоматик со 218кс 2005та модел со дпф, поминати 340.000 со сервисна книшка.. Увезено 2017та од швајцарија..
Само што го земав му направив сервис комплет на моторот и на мењачот, све е проверено нема никакви проблеми..
Предходниот газда ги репарирал дизните пред 6 месеци (имаат гаранција) и променета е шајбна на радилица

Потрошувачката градска е 10л, на отворено околу 6л/100км..

Моментално е на фабричи 17ки бандажи, во потрага сум по 18ки/19ки али немам налетано на ништо интересно..

Од опрема има стандард опрема за е60 +
-Голема навигација со HiFI звучници
-Темпомат
-Спортски волан со команди
-Аларм
-Предни и задни паркинг сензори
-Електрика со меморија на седишта, електрика на волан
-Кожни седишта со грејачи
-Servotronic
-Dynamic drive
-Адаптивни светла со ксенон и прскалки на нив
-Фолии со атест






« Последно менување: 09 Јули 2021, 12:13:06 pm Бузуки »

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1075
Одг: Bmw E60 530d 2005
« Одговори #1 на: 09 Јули 2021, 12:17:58 pm »
Уба среќа да има, имам желба некогаш да купам една 5ка :)

Sent from my SM-G770F using Tapatalk


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Bmw E60 530d 2005
« Одговори #2 на: 09 Јули 2021, 12:24:07 pm »
Честито! Убаво изгледа, сигурен сум дека и убаво вози! :)

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Bmw E60 530d 2005
« Одговори #3 на: 09 Јули 2021, 12:25:30 pm »
Зошто ич не се сецнав кога видов 340.000?

Честитки, бар уште толку да свртиш.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Bmw E60 530d 2005
« Одговори #4 на: 09 Јули 2021, 12:32:48 pm »
Фала ви на сите, поубави да си купите..

Прошлиов месец прегледав преку 10 е60ки.. Сите на табла пишуваше дека имаат испод 300.000.. Сите чадеа како ненормални, дпф-и извадени, внатре седишта и волани искинати, предницата попара, нерамномерно работење, м пакети кинески ставани... Многу тешко да се најди здрава е60ка i e90 испод 7000 евра... скоро и невозможно..

Така да за ова ич не ме одби километражата од купување на колата, се надевав барем да е реална :)
« Последно менување: 09 Јули 2021, 12:43:31 pm Бузуки »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Bmw E60 530d 2005
« Одговори #5 на: 09 Јули 2021, 12:58:18 pm »
Со здравје да се вози!

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Bmw E60 530d 2005
« Одговори #6 на: 09 Јули 2021, 13:06:55 pm »
Убоо младичу, да се изнавозиш. На слики зачувано делува.
Шо е таа километража, тек се разработил моторот :)

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Bmw E60 530d 2005
« Одговори #7 на: 09 Јули 2021, 13:19:10 pm »
Со здравје да се вози и да те служи без проблеми!

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Bmw E60 530d 2005
« Одговори #8 на: 09 Јули 2021, 13:20:01 pm »
На игнор последната цифра и си замислуваш дека возиш кола со 35.000 ;D

Со здравје да се шеташ со колата.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Bmw E60 530d 2005
« Одговори #9 на: 09 Јули 2021, 15:57:01 pm »
Топ топ! Го имав истото (само караван) и ден денес ми фали :)

Преубава машина, преубава вожња.

Тој мотор е најдобриот мотор EVER!

Добро што си ги направил сите сервиси.

Имам една проепорака до тебе, ако си во можност да видиш со навигацијата да ја извадиш. Многу лимчиња имаат ставено фабрички и прегрева и се расипува.

2017 година во Тетово платив 300 евра да ми ги средат тие чиповите.

Зоки мислам се викаше типот извади дел од тие лимчињата као демек подобро да се ладела да не прегрева. Иначе ќе почне да ти рестартира цело време.

Еве кај се наоѓа.

https://www.google.com/maps/place/42%C2%B000'26.2%22N+20%C2%B058'29.2%22E/@42.007287,20.9742188,145m/data=!3m2!1e3!4b1!4m6!3m5!1s0x0:0x0!7e2!8m2!3d42.0072868!4d20.9747661

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Bmw E60 530d 2005
« Одговори #10 на: 09 Јули 2021, 17:28:55 pm »
Фала ви на сите. да си купите што и да посакате..

За навигацијата незнам колку би можел сам лимчињата да ги извадам, ми се случи пред 1 недела 2 пати да не ми се запали, се рестартираше, пуштив клима за 10тина минути си дојде..  Е сега дента беше 40 степени а колата беше цел ден на сонце.. Од тогаш се нема повторено...

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: Bmw E60 530d 2005
« Одговори #11 на: 09 Јули 2021, 20:08:11 pm »
Со здравје да се вози, солиден примерок.

Провери си кај твој мајстор состојба на шајбната. Знае да ги џвакне каишите.
Мене ми се  скина на м47 после месец дена од промена на водна пумпа. Па ајде нови каиши иако ме убедваа немала гајле.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Bmw E60 530d 2005
« Одговори #12 на: 09 Јули 2021, 20:47:15 pm »
Фала ти.. Проверена е и видено дека е скоро ставена.. Одпосле најдов фактура 2ри месец 2021 ставена е corteco ..

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Bmw E60 530d 2005
« Одговори #13 на: 09 Јули 2021, 20:52:48 pm »
Честитки Бузуки, со здравје да се вози!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Bmw E60 530d 2005
« Одговори #14 на: 09 Јули 2021, 21:07:30 pm »
Фала ви на сите. да си купите што и да посакате..

За навигацијата незнам колку би можел сам лимчињата да ги извадам, ми се случи пред 1 недела 2 пати да не ми се запали, се рестартираше, пуштив клима за 10тина минути си дојде..  Е сега дента беше 40 степени а колата беше цел ден на сонце.. Од тогаш се нема повторено...

Имај го во предвид ова. Оди до кај Зоки, прашај го. Имаше еден дечко кај него што монтираше, размонтираше некако да направите да „дише“.

Проблемот е што се одлемуваат чиповите од жешкото. Климата помага ама не ако седи колата нон стоп на Сонце.

Ако ти рикнат чиповите е (беше) 300 евра поправка. Превентивно види си.