Алфицата е уште жива и здрава, Во Март беше редовно регистрирана, сега направив и сервис уље и филтри. Ја возеше блиска роднина додека чекаше да ѝ стигне ново ауто. Дур ја возеше, имаше мал сусрет со ивичњак, при што настрада еден од зимските бандаши, лагер на тркало, долга спона и браникот. Се тоа беше прописно заменето, додуша уште чекам да се смилува фарбарот да ми го офарба браникот, ама нема везе, со фарбари, така е
Сега моментално покажува 230.000 на саатот, и уште добро се држи! Здравје, за недела две, пак ќе се огласува (има уште една задача да испуни пред да оди на оглас).