Мала помош ако можи од некој клабер кој се разбира во електроника.
Си купив и монтирав лед сијалички за задни жмигавци и рикверс светла. Инспириран од тетовчанецот со дијаната, зедов од тој бренд како него. Поскапи со ерор фри, canbus се по ред.
Арно ама имам мал проблем.
Сијаличките за рикверц ми вадат ерор.
Жмигавците прават hyper flash ама само на борд и на звук. Од надвор светат нормално. Исто така и кога се пуштени сите жмигавци, тогаш во ред светат.
Кој знај да ми кажи дали има некое решени за мојот проблем? Гледам по интернет стават отпорници некој. Каде има кај нас такви? Колкави ми требат?
Иначе еве некоја слика и видео како изгледа.