Автор Тема: Продавам: Делови за точак (кочници, педали, грипови)  (Прочитано 1875 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6432
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Се продаваат:
SRAM Guide T кочници со 4 клипа - 6500ден без дискови и адаптери (пакни на 80/90%)
SRAM Centerline дискови 200mm со 180mm centerlock - 2000ден (сеуште на 1.8мм)
Грипови - 600ден (продадено)
Педали RFR - 1500ден (нови без паковање) (продадено)
Стемот не се продава.

Деловите се скоро нови, извадени од 2020та велосипед,
кочниците имаат 100км поминато од моја страна, од претходниот газда не знам, ама по дебелината на дисковите и пакните многу малку.
Гриповите имаат малку знаци на трошење, ама се ротира тој дел.
Педалите имаат 20км низ град.

Огласот го има и на спорти сејл на фејзбук ама со други цени, ама пошто другари мрчат, за инает овде најефтино.  ;D

Цени на интернет:

SRAM Guide T
SRAM Centerline
Cube RFR

Прифаќам критики и споредби за цените со други, правам прајс меч и слично, не можам да го претерам цел интернет за да го најдам некој дел поефтин од колку што го нудам.
Ако најдите повелете, спуштам, за напразно мрчење без линкови тие се цените, и засега се фиксни, кој не знае да бара ќе си плати.  ::)

















« Последно менување: 09 Јули 2021, 09:04:48 am Power to the people »

Отсутен dreamson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 636
Исти вакви грипови зедов на Бит пазар за 150 денари и тоа пред некој ден.

Линк од Бит пазар немам за да ти докажам дека се толку :)

Само лично на тезга за тој што е заитересиран да купи.


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6432
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Уба гума се и со лок-он? Баш ме интересира.

Оти и јас вакви порачав од али за 5 долари, ама пластика стигна.

Отсутен igor_opel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 57
  • Burn Rubber Not Your Soul
Interesen mi e delot okolu kilometrazata na delovite kakvo znacenje ima i kako ja odreduvate, od rakav ili ured nekoj za sekoj del posebno?! Prodavas kocnici za koi si 3 gazda po red a nemas dokumenti za niv, primer fiskalna smetka ili slicno...moze si i 6-ti gazda... Pretpostavuvam nemaat propisen servis napraeno od koga se dojdeni vo MK a i da bile servisirani nemas dokument, a se preporacuva menuvanje na ulje 2 pati godisno za prosecen vozac so 1000km godisno poso se na DOT4+. E sea okolu cenata gi davas 110 evra tolku se i na www.bike24.com novi so garancija na koi imas danok i carina plus. Vakvi gripovi se podaruvaat  na nekoj so nema...Okolu rotorite koa gi oglasuvate so subler barem izmerete kolku e potrosen neka ima slika kako dokaz da se znae kolku imaat uste vek a se znae kolku e minimum.

Sent from my SM-G975F using Tapatalk

Burn Rubber Not Your Soul

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Ја би ги земал педалите, ама знам дека кога ќе ми се збрцаат тоа нитните во цеваница, ќе го видам господ у боксерици.

Присутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7069
И јас сум за педалите, пред некој ден пробав точак со вакви и многу подобро држат него обични.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6432
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Педалите и гриповите се дадени.

Не знам од каде земате грипови гумени за без пари па и со лок-он, ама еве во 13 години активно возење под 10€ солидни грипови не можам да најдам, и тоа без лок-он. Ама ако можите, можам само браво да ви кажам.


Interesen mi e delot okolu kilometrazata na delovite kakvo znacenje ima i kako ja odreduvate, od rakav ili ured nekoj za sekoj del posebno?! Prodavas kocnici za koi si 3 gazda po red a nemas dokumenti za niv, primer fiskalna smetka ili slicno...moze si i 6-ti gazda... Pretpostavuvam nemaat propisen servis napraeno od koga se dojdeni vo MK a i da bile servisirani nemas dokument, a se preporacuva menuvanje na ulje 2 pati godisno za prosecen vozac so 1000km godisno poso se na DOT4+. E sea okolu cenata gi davas 110 evra tolku se i na www.bike24.com novi so garancija na koi imas danok i carina plus. Vakvi gripovi se podaruvaat  na nekoj so nema...Okolu rotorite koa gi oglasuvate so subler barem izmerete kolku e potrosen neka ima slika kako dokaz da se znae kolku imaat uste vek a se znae kolku e minimum.

Во однос на километражата, кочниците се извадени од 2020-та Canyon Spectral велосипед кои и по спецификација идеа со него. Со оглед на короната, точакот можеби беше стар 3 или најмногу 1 година. Фабричките гуми сеуште беа „нови“.
Друго, 1.8мм се фабрички и со шублер толку ги измерив, ете нека се и 1.78мм, а да ти го сликам тешко децималата да ја прочиташ, а реално можам и да го натокмам на таа вредност, од каде ти ќе знаеш дека е стегнат за диск шублерот.

Дали сум 6-ти или 8ми газда, не знам како е тоа битно. Кочниците се технички исправни и скоро „без грепка“, од око ги проверив предните пакни и се на 60% задните на 90%. 5000км сигурно немаат, пошто на дискови ќе се видеше тоа. Јас ги повозив 100км, со солидни спустови и можам да гарантирам за исправноста и моќноста на истите.

Цената од 110€ e + 20€ поштарина + 5% царина + 18%ДДВ = ~160€
Новите кочниците ќе дојдат со екстра должина која ќе треба да се крати и нов блидинг да се прави, освен некој лично дома ако не го прави, нека го додаде и тој трошок. За германска гаранција и доказ на потекло, кој сака ете за 10,000ден нека си ги купи.
Јас што ги продавам можеби нема да има потреба од кратење во зависност од велосипедот, можи дома да си ги монтира споственикот за 10 минути, и ќе ги има за 2 дена.

Во врска со сервисот, SRAM препорачува еднаш годишно менување на глицерин, или по потреба.
Ремонт на рачките и шепата по потреба.

Мое лично видување, тој што ќе ги земи, можи да смени дури 2022-ра, два пати годишно ако евентуално се трка, и вози премногу, за аматерско возење ако е се во ред, можи дури и на 2 години.

Дисковите под 2000ден не ги давам, пошто за година две, мене ќе ми требаат, па реално на подолг пат ќе заштедам ако не ги продадам.

Поздрав, стојам на располагање за повеќе прашања.  ;D

Отсутен dreamson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 636
Добро е што си ги дал гриповите, но да се надоврзам за тие што јас ги спомнав.

Еве со слика исти гумирани и со лок-он како што реков за 150 денари.

Ништо не се поразлични од тие што ти си ги дал. И јас возам и тоа активно скоро 20 години, и никогаш не кажувам на празно за нешто ако не знам.

За останатите делови не сакав да коментирам, гриповите ми паднаа во очи.


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6432
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Не знам каде е ќарот за сите во 150ден, ама ете добра информација кој е од Скопје да си земи за ефтини пари.

А еве ги истите шо ги имам од Али за иста цена, ама гумата не е иста, едноставно нема споредба.
Вакви грипови од добар бренд под 20€ нема.


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6432
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Продавам: Делови за точак (кочници, педали, грипови)
« Одговори #9 на: 09 Септември 2021, 11:07:21 am »
Ајмо народе, помина летото извадете ги точаците, заменете ги вашите тектро хидраулични или механички кочници со нешто подобро,
спремете се за есенските авантури што ве очекуваат, бидете подготвени:  ;D

- Кочниците - 5800ден
- Диск 200мм - 1000ден


Другото е продадено.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6432
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Продавам: Делови за точак (кочници, педали, грипови)
« Одговори #10 на: 22 Октомври 2021, 07:38:58 am »
- Кочниците - 5500ден последна цена, после тоа одат на максот кај внуката  ;D
- Диск 200мм - 1000ден

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6432
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Продавам: Делови за точак (кочници, педали, грипови)
« Одговори #11 на: 01 Ноември 2021, 11:01:36 am »
Може клуч!

Продадени кочниците за 5000ден
Дискот 180 за 1000ден
Педалите за 1400ден
Гриповите за 500ден
Стемот 1800ден

Остана дискот од 200мм, ама како шо тргна работата со цените и пазарот можи и да не го продадам, ќе си легни на точак за година/две.