Вечерва аудито ме изневери по втор пат во овие 10 год. откако го имам.Првиот пат во гаража не сакаше да запали,испадна дека цркнал сензорот кој ја мери температурата на водата и давал сигнал дека моторот е загреан а со тоа греачите не се вклучуваа,се реши со нов сензор (1000 ден.).Вечерва од гаража го запалив ама од второ верглање,малку ме зачуди,излегов и ја паркирав на центар.За враќање вергла и никако да запали,10 пати ја верглав по 4-5 сек. но ни трага од палење само вергла.Пред 1 недела истото ми се случи,но после 5-6 верглања запали и еве повеќе од недела без проблем палеше.Очекував цела недела дека нешто ќе се случи и еве најпосле се случи.Утре уште сабајле му звонам на механичарот кој ми ја одржава колата,детето ми е и пријателче па да видиме што ќе испадне дефектот.Јас сумњам на нешто со електрониката,но ќе видиме.Малку сум растревожен но сепак очекував кога тогаш нешто да откаже.Сепак колата е стара 18 год.јас ја имам нешто повеќе од 10 год.имам поминато повеќе од 70 000км,на километражникот има 15x xxx км.
ЕДИТ:Утрово аудито запали чак мак,како ништо да не било.Ја однесов на механичар,но си палеше без проблем,најверојатно проблемот е или во бравата или во еден прекинувач кој јас го правев,кој ја исклучува електричната дизна на бошот,еден вид на заштита од кражба.Прекинувачот е изваден,врзани се жиците дирекно.Па ќе видиме што ќе испадне,приметив на моменти кога е даден контактот некогаш до електричната дизна не доаѓа струја.Е дали е проблемот до прекинувачот или до бравата ми останува денес да видам.Ако има некој совет нека кажува.