Дечки, како можам да откријам која аудио опрема и изведба е најдобра за просторот што го имам на располагање?
Кај мене на приземје, дневниот простор е отворен и е заедно со трпезарија и кујна. Немам врати, немам прегради и слично.
Во дневниот простор, кај надворешниот ѕид е мебелот заедно со телевизор, саундбар и вуфер. Понатаму, накај трпезаријата е софата, па е отворениот простор према трпезарија и кујна.
Неам соодветна фотка у моментов за поубаво да се долови што мислам, ќе пуштам накнадно.
Ме интересира како можам да изведам поубаво озвучување (5.1 или 7.1), а да изгледа во ред, ненападно, без кабли на сите страни?