Автор Тема: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir  (Прочитано 15671 пати)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 384
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #195 на: 05 Април 2024, 16:56:29 pm »
Мал бамп на темава. Колата дојде со летни гуми во очајна состојба (6 години стари PremiumContact6), кои отидоа в ѓубре при монтажа на зимските. Денес зедов сет летни, Continental SportContact 7, тотал ме фатија 30,240 денари (225/40R18), плус веројатно 1,000 - 1,200 денари монтажа утре. DOT 0824, шо значит едвај месец и пол стари.

Со зимските гуми поминати околу 10,500 километри, ептен сум задоволен од секој поминат километар. Суво, влажно, снег, мраз, нигде не осетив проблем.


Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5540
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #196 на: 05 Април 2024, 16:57:36 pm »
Со здравје да се возат, од каде се купени?

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 384
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #197 на: 05 Април 2024, 17:00:31 pm »
Од Тубелес, Охрид. Мислам дека од Мотоцентар земаат гуми, а и иста цена ко Мотоцентар добив.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43608
  • Il Moderatore
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #198 на: 05 Април 2024, 17:05:10 pm »
Пренеси импресии, ама реални - бука и комоција најбитни, за перформанси сигурен сум дека се врв!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 856
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #199 на: 05 Април 2024, 17:25:38 pm »
Пренеси импресии, ама реални - бука и комоција најбитни, за перформанси сигурен сум дека се врв!

За комоција немаат гајле, за бука не можам да ти кажам, не се слуша ништо на Реното 😂😂😂

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 384
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #200 на: 11 Април 2024, 15:02:37 pm »
Тек понеделникот успеав да ги наместам гумите. Од возење низ град, се прилично потивки од зимските (Pirelli Sottozero 3), и на остри дупки се осетно помеки, при “удар“. Нареднава недела планирам да ги прошетам до Скопје, па ќе видиме како ќе се понашаат на отворен пат.


Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 384
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #201 на: 22 Септември 2024, 22:47:10 pm »
Да речам темава прашина фатила, ќе ја потценам работата. Ај со ред.

Прво, за гумите, @Simo - Carrier159 праша, јас скроз изумив да пишам. Досега имам околу 6,000 километри со гумите откако ги ставив, искрено ептен сум задоволен. Перформансите ко шо кажа, без забелешки, за комоцијата не знам дали сум меродавен со 18ки бандажи - мене ми се океј, ама па и знам дали сум некој репер. Тивки се, удобни се, особено споредено со зимските. На отворен пат досега не сум дошол во ситуација да се посомневам во нив. Споредено со (машала истрошени) PremiumContact 6 шо беа на колава ко ја зедов, тука-така се.

Летово малку ја запоставив колата, се префрлив на мотор па ја возев по потреба, и отвори уста за 2-3 работи. Од тековните, помина уште една регистрација кај мене (околу 22,000 денари со се зелен картон), и уште еден мал сервис со сите филтри (околу 6,300 денари во Сервис Илија).

Првиот проблем, тропкање и крцкање при вртење на волан на ниски брзини. Испаднаа буферите горе проблематични, сменети со се лагери, предницата комплетно се смири. Веќе немам никакво тропкање/крцкање.

Втор проблем, пред некое време на еден дожд приметив дека тапацирот на кровот е влажен баш под антената. Сакав да го решам проблемот со затварање на антената со силикон и покривање со sharkfin антена, и после недела дена прајмери, фарбање, лакирање и шмиргла сфатив дека sharkfin антената не одговарат на кровот, закривеноста е поинаква. Не ја пробав пред да фарбам, јебига. На крај испадна дека мојата антена не е баш најстегната, па само го затегнав штрафот од долу и сега е супер. Тапацирот за среќа не е оштетен и немат флеки, така да тука лесно поминав.

Трет проблем, ми откажа десниот кластер од задните светла. Дојде на ред да се средат и жиците од багажникот, со то шо електричарот шо ги среди кажа дека еднаш претходно биле репарирани, ама несоодветно - само скратени и преспоени. Овојпат се ставија продолжетоци за да се пак со соодветна должина. Неколку дена покасно, прегоре централното штоп светло позади, за шо Мети Фиат Алфа заврши работа (за контактот фала на @FiLo ), купив функционално и го сменив сам.

Последниот и најголем проблем, минативе месец-два некако ја осеќав ко тромава колата, ко да не влечит. При едно возење во Dynamic мод приметив на мерачот дека турбото не полнит скоро ич, па ко ја однесов на сервис ги замолив да проверат. Свртевме кругче, и сервисерот се сложи дека немат сила. Муабетот беше “проверете ја, да видиме шо е проблемот, па ќе решаваме отом потом“ зато шо не знаев колку е сериозно.

Од тој муабет, во Сервис Илија и се запнале цел ден на колата, и нашле дека при вадењето на некогаш монтираниот плин, усисната грана не била прописно затворена. Покрај то, цревото од усисната грана беше домакински скинато по скоро цела должина. Проблемот го средија со двокомпонентен лепак на местото кај шо не беше затворена граната, и ново црево кое не е за Giulietta, како привремена солуција зато шо соодветно немат на лагер а морав да се вратам дома. Ќе се нарачат иднава недела ново црево, па ко ќе стигнит одам да го наместиме.

Од резултатот сум запрепастен, практично се вратив од 1.4 атмо мотор на 1.4 турбо, разликата е ненормална. Мислам дека олку не влечеше ни лани ко ја зедов, така да пак се осеќам ко да имам нова кола. Решението на прв поглед звучит ко “крпено“, ама со оглед на то дека алтернативата е комплетно нов усис, шо не е ефтин, не мислам дека е на одмет да се пробат. Ако евентуално не држит, ќе го смениме усисот, ама засега е бомбона.

Несредени останаа вибрациите од подвозје на забрзување, јас се сомневам дека се полуосовините ама утре ќе ја носам кај локален мајстор на проверка па ќе видиме. Исто така, требит да ги сменам и трите моторчиња за регулација на топло/ладно од климата кои се проблематични, ама никако да најдам мајстор шо ќе се нафатит. Добив од “немаме вработени во моментов, јави се за месец и пол“, до “да да, ќе ја средиме, ај да видам да нарачам делови и те барам“ па апсолутна тишина.

TL;DR, почнаа да излегуваат нови глупости од претходните сопственици на колава, и се си мислам дека нареден пат ко ќе требит нова кола, ќе бидит нова нова кола. За среќа доволно ми прајт ќејф за да ги решавам проблемиве без некои особени нервози, ама Giulia Veloce не е на одмет. Знам дека некој ќе речит “Алфа ко Алфа“ за сите глупости, ама од ова шо гледам, не е крива Алфа, криви се претходните сопственици шо не ги решавале проблемите ко шо требит.

И на крај, една слика да го придружуват есејов, за тој шо успеал да ме дочитат до овде. Се распишав, јебига.


Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3713
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #202 на: 22 Септември 2024, 22:56:01 pm »
Нема лоша кола, има лоши сопственици...

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6591
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #203 на: 23 Септември 2024, 08:51:41 am »
Чекам возење сега со среденото црево, оти прошлиот пат не беше тоа тоа.