Автор Тема: Engine oil pressure low проблем?  (Прочитано 4551 пати)

Отсутен audi.mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Engine oil pressure low проблем?
« на: 27 Април 2021, 17:36:01 pm »
Здраво пред брзо зедов Алфа Ромео 147 1.6 105hp твинспарк, но го имам следниот проблем после 20-30 минути ми се појавува Engine Oil Pressure Low како известување на боард компјутерот и после неколку секунди го снемува и пак после некое време се појавува ( имам забележано на кривини кога вртам ова се појавува и при кочење???)) што може да биде дали имал некој сличен проблем инаку моторот си функционира супер (170 km/h вчера ја возев без никаков проблем) можеби треба да менам масло филтер (незнам кога се последно менати од претходен газда) или е некој сензор?

Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 995
Одг: Engine oil pressure low проблем?
« Одговори #1 на: 27 Април 2021, 17:40:00 pm »
Провери дали има доволно масло

Отсутен audi.mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг: Engine oil pressure low проблем?
« Одговори #2 на: 27 Април 2021, 17:42:10 pm »
има доволно масло скоро на максимум е

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Engine oil pressure low проблем?
« Одговори #3 на: 27 Април 2021, 19:49:43 pm »
Претходниот газда изгледа не му се замарал многу. Има изгледа талог или катран фатено и затнати му се каналите па интерпретира како да нема многу проток.
Стави му адитив за перење и смени го маслото, види дали ќе се оправи.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Engine oil pressure low проблем?
« Одговори #4 на: 27 Април 2021, 19:56:55 pm »
Ако не знаеш што имало претходно во неа, веднаш смени филтер и масло. Стави асална 10w-40 синтетика. Selenia 20K е препорачана за тој мотор. Ако ставаш друго уље, гледај да задоволува спецификација:  FIAT 9.55535-G2. Ако и после тоа појавува low oil pressure, провери го/смени го сензорот за притисок на уље. Доколку и после тоа не се опраи.... Со среќа и очекувај "knock, knock“, „Who`s there!“ „3-rd conrod bearing“ шеги :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Engine oil pressure low проблем?
« Одговори #5 на: 30 Април 2021, 00:24:48 am »
Зафркнати се тие сензорите за масло на Алфите

На мојата 10 години кажуваше Oil level warning failure

Oil level еднаш MAX, друг пат на средина.

Си гледав на шипка. Со Жаре анализиравме еднаш ама се откажавме. Си следев на шипка, секогаш масло и филтри по препорака на Жаре, вози Мишко 😁

Отсутен audi.mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг: Engine oil pressure low проблем?
« Одговори #6 на: 30 Април 2021, 15:41:17 pm »
Променив масло и филтери но проблемот е ист,значи забележав ова се јавува кога обратите ќе паднат на 1000

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Engine oil pressure low проблем?
« Одговори #7 на: 30 Април 2021, 15:58:49 pm »
Merete pritisok so mehanicki manometar

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен audi.mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг: Engine oil pressure low проблем?
« Одговори #8 на: 30 Април 2021, 22:38:52 pm »
Ме интересира да не претставува проблем дека ми ставија Selania Turbo Diesel масло наместо Selania 20K бидејќи читав manual вика Synthetic-based engine oils, grade SAE 10W-40 that pass ACEA A3 and API SL specifications. FIAT 9.55535-G2 qualification е сега исто им е тоа FIAT 9.55535-D2 но различно е во ACEA и API ( односно Selania Turbo Diesel e ACEA B3 API CF/SG)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Engine oil pressure low проблем?
« Одговори #9 на: 30 Април 2021, 22:44:25 pm »
FIAT 9.55535-D2 е сосема различно од FIAT 9.55535-S2 Не свети поради уљето, ама зошто побогу вакво уље?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен audi.mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг: Engine oil pressure low проблем?
« Одговори #10 на: 30 Април 2021, 23:01:22 pm »
FIAT 9.55535-D2 е сосема различно од FIAT 9.55535-S2 Не свети поради уљето, ама зошто побогу вакво уље?

ау сега видов дека е различно инаку не се разбирам многу друже ,бев во автоделови му реков ми треба селениа 20к и ми дава турбо дизел и ми падна сумљиво и му викам ми треба 20к не турбо дизел сигурно не одговара за бензин ,ми вика нема гајле дечко уживај таман е

Отсутен audi.mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг: Engine oil pressure low проблем?
« Одговори #11 на: 01 Мај 2021, 18:56:15 pm »
Merete pritisok so mehanicki manometar

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk

Ја однесов денес во автосервис и после неколку часа ме исконкаткираа и ми рекоа дека губи притисок но не бил на 0 и можеби било до маслото и да ја возам дека немало гајле... стварно незнам што да правам

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Engine oil pressure low проблем?
« Одговори #12 на: 01 Мај 2021, 22:06:56 pm »
Merete pritisok so mehanicki manometar

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk

Ја однесов денес во автосервис и после неколку часа ме исконкаткираа и ми рекоа дека губи притисок но не бил на 0 и можеби било до маслото и да ја возам дека немало гајле... стварно незнам што да правам
Си има точно пропишан притисок, ако е понизок, не е „вози нема гајле“. Види што е причината. Можно е маслената пумпа, може да е друго. Што и да е, низок притисок на овие мотори, многу брзо ќе ти ги сотре лежаите на радилица.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Engine oil pressure low проблем?
« Одговори #13 на: 01 Мај 2021, 22:56:00 pm »
Менувај масло под итно.

А тоа дека нема гајле, мало морген. Одма на радилица ќе кажи.

Не знам како е пристапот, ама по можност да ти ја извадат маслената пумпа и изчистете ја од гареж.

На Фиат 1300 така ми светна низок притисок, откако ја исчистив маслена пумпа со бензин (ја вртевме во бензин) излезе еден тон гареж и крена притисок на масло.

Еден стар мајстор, веќе пензионер ме посоветува само Ina Delta некоја сулуда градација 😁 као 20ка, а јас Castrol GTX, дрн дрн... кога рече Фиатот преродување еј 😁😁😁

Босна свеќици, Ina Delta масло со салам градација, намали на потрошувачка, крена убаво притисок (башка шо ја изчистив пумпата), предеше ко маче.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Engine oil pressure low проблем?
« Одговори #14 на: 01 Мај 2021, 23:17:03 pm »
На Голфот наш многу од дамна се деси тоа, светна сијаличката. Татко ми и чичко ми (чичко ми инженер за мотори) го испуштија маслото. Место масло ставија дизел, го оставија да работи неколку минути. Кога ја испуштија нафтата ставија некое масло и после тоа не светна повеќе. исто еднап му направив на кадетот, кога го испушти дизелот излегоа некакви грутки гареж.