Искрен да бидам и јас, а и многу што гледаат втори количиња меркаат вакви. Мене ме одврати 1.6 дизелот и муабетот со ланецот што е растеглив и што затегачот е на уље итн, итн. Ете ти го среди тоа некако без вадење на мотор што е многу битна работа. А имаа во Олимпија со среден мотор само да возиш. Ама пак гњаважа, мислата натаму ти оди. Инаку колата е врвна, стегната, многу елегантна, со детали многу, доста богато делува дизајнот и навистина плени во убава боја. Тогаш јас гледав Космо нешто најфул беше, темна боја некоја, ама 1.6д... и добив дојава да не зимам. Инаку мислам да беше друг мотор како 1.4Т или 2.0д тоа ќе беше тоа.
Реално зезнале работа што ланецот е единечен, не е двоен. И затоа се растегнува. И затегачот е на притисок на уље, и додека не крене притисок не затегнува. Комбинација снова за трц-прц количе за низ град, 70% ќе вози во незатегнат мод.
Имаше 12990 седан со 1.4т, е тоа беше зделка на векот. Нова.