Автор Тема: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX  (Прочитано 53430 пати)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #345 на: 16 Февруари 2022, 22:53:15 pm »
Аха значи грешно сум сватил.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #346 на: 21 Февруари 2022, 17:35:43 pm »
Вчера го искористивме убавото време па ги сменивме предните дискови и плочки. Планот беше и каишот но почна да се стемнува и остана за друг ден.





За тие што се фаќате за ситници изумив да сликам со се плочките монтирани а и рацете ми беа лом греф ми беше да го прљам телефонот толку, да не речете така ја возам  ;D ;D

Како за првпат менување дискови со другаров кај него у двор без брзање 3.30h работа.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #347 на: 21 Февруари 2022, 18:08:34 pm »
И јас за толку ги сменив на меривата. Првата страна ме измачи со насадни торксови беа штрафовите за шепата а такви немав па бев да купувам. Па после штафовите неможев никако да ги оштрафам за на крај морав да ги греам со бренер. Кога ги извадив на нив имаше некој плав лепак. А другата страна мислам дека 20-30 минути ги сменив.

На здравје кочење!!

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #348 на: 21 Февруари 2022, 18:39:39 pm »
И јас за толку ги сменив на меривата. Првата страна ме измачи со насадни торксови беа штрафовите за шепата а такви немав па бев да купувам. Па после штафовите неможев никако да ги оштрафам за на крај морав да ги греам со бренер. Кога ги извадив на нив имаше некој плав лепак. А другата страна мислам дека 20-30 минути ги сменив.

На здравје кочење!!

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Тие на шепата кај мене се имбуси, околу 10 пробавме ниеден не одговараше за да биде поинтересно нели. Па позајмив од друго место. После големите штрафови исто залепени многу тешки за вадење, штрафот скоро надвор мислиш ќе падне а бара запнување јако иначе не мрда. Бандажите исто престегнати...

Некој што си ја знае работата реално максимум 1 саат е доволен

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #349 на: 21 Февруари 2022, 19:33:43 pm »
Не бе кај мене е торкс се. Е сеа за шепата пррдните штрафови беа обичен торкс ама за оној дел што останува од шепата за да го извадиш дискот беа насаден торкс.

Да реално 1 час е доволно време за тој што си ја знае работата.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #350 на: 21 Февруари 2022, 20:48:06 pm »
@Zile што е разлика помеѓу обичен торкс и насаден? Да не мислиш машко/женско?
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #351 на: 21 Февруари 2022, 21:27:22 pm »
Да машко-женско ама така ги викаат. Машко е торкс, женско насаден! Не им ја контам поентата ама ете така е кај нас. Просто би било машко и женско.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #352 на: 16 Април 2022, 17:12:16 pm »
Помина година одкако ја земав астрава како вчера да беше.
Поминати 12 573км

23.03.2022
Купени нови летни Матадор со зимските поминати 5.624км


Пред некое време се појави check engine и покажа слаб проток на воздух во егр колата изгуби на сила. Кога го менував затегачот на ланецот го вадев егр кулерот и пирметив дека има доста гареж собрано и така планот ми беше на пролет да го чистам. Во меѓувреме покажа и дека дпф от е полн. Па така на 29.03 ја однесов на сервис да се среди све и егр и дпф, каишот мие земен го оставив да го заменат и одкако го сменија термостатот гледам дека помалку капе антифриз. Првиот ден ни трага ни глас ајде викам не ми треба колава утре ќе ги барам. Утре дента звонам пред крај на работно време едвај успеавме вика да средиме со егр от го вратив сеа па ќе видиме добро викам ај ќе дојдам. Каишот не сменет тоа што капело капело незнам шо да ти кажам вика, дпф от бил 31% не бил за вадење и чистење требало само присилна регенерација да се напраи за која ми побараа 10 000ден сосе промена на уље кое кошта 3 000ден сосе филтер. Ептен им фалат пари на мајсториве изгледа. По 2 дена повторно светна сијаличката и сеа сумљам колку уствари е исчистен егр от. Моабетот со мајсторот беше дека тие 4 штрафа можам сам да ги извадам у двор и да го зачистам самиот егр но да биде се како што треба да се извади цел кулер и да се исчисти целосно. За тоа ми земаа 3 600ден што доколку е стварно така исчистено не би се бунел за цената. Но да не зборам на памет деновиве кога ќе најдам време ќе го извадам целосно надвор и ќе го расклопам да видам што всушност е исчистено.



Ова ми беше најлесно да го отворам да зирнам како е внатре ме копкаше кога се појави сијаличката пак. Ова треба дае задниот дел односно делот каде воздухот повторно се враќа во мотор на повторно согорување. Ако не грешам.

Во глобала кои беа трошоците за оваа година дена:
-регистрација
-3 брисачи
-затегач на ланец
-уље
-средни лед светла
-лед на таблица
-нови зимски гуми
-термостат со куќиште
-предни дискови и плочки
-нови летни гуми
-чистење егр

сите овие работи ме коштале околу 6 700ден месечно

Е сега некој ситни работи што можеле да бидат поинаку.

- „А“ стубот лев смета при возење знае да затвори добар дел од патот
- Седиштата можеле да бидат по удобни
- На секое палење мора да се гаси Старт/стоп
- Сијаличките кај огледалцето на штитникот за сонце повеќе ќе ти истераат очи одколку што ќе те осветлат (заборавив да сликнам, поставени се лево и десно од огледалото светат право во очи)
- Попуштање и намалување музика преку команди на волан бара непотребно многу стискања
- НЕ ЗАГРЕВА ВО ЗИМО
- Нема сијаличка во фиоката пред  сувозачки
- Нема сензор за ниво на водата за чистење шофершајвна
- Прскалките исто лошо и неефикасно ја распрскуваат водата
- Рачките на предните врати се направени од ефтина пластика и крцкаат. Ептен не го сваќам тој дел, да се заштеди на некоја пластика ниско поставена што не се ни гледа ајде но рачка што при секое влегување во кола ја фаќаш и ти дава лошо чуство при допир мие несватливо да е така.

Сепак ова се некој ситни работи (освен она со големине букви) и јас сум презадоволен од колава но немањето каде да ја однесам на сервис и да нетреба да ја мислам што како и дали ќе се среди ме тера да мислам дека некој мерцедес би бил попаметен избор во иднина зошто досега кај Јовче на илинденска сум добил најдобра услуга секогаш точен брз и крајно фер пристап дали сега со W204 ката или до лани и w202 ката кај нив кога ја сервисирав.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #353 на: 16 Април 2022, 17:17:29 pm »
А зашто уствари не ја носиш пак кај истиот мајстор кај што си го носел мерцедесот...

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #354 на: 16 Април 2022, 17:24:21 pm »
А зашто уствари не ја носиш пак кај истиот мајстор кај што си го носел мерцедесот...

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk



Работи само со мерцедеси не сака да чепка други марки.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #355 на: 16 Април 2022, 17:36:12 pm »
Сега може јасно да се воочи разлика помеѓу половно и ново возило.

Да ти се поклопеле финансиите за Сид ќе ги немаше овие главоболки. Пали вози и доколку нешто искрс е тука е гаранцијата.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #356 на: 16 Април 2022, 17:37:52 pm »
Ај пробај мазак однеси ја, ако треба и заедно ке одиме?

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #357 на: 16 Април 2022, 17:39:07 pm »
Сега може јасно да се воочи разлика помеѓу половно и ново возило.

Да ти се поклопеле финансиите за Сид ќе ги немаше овие главоболки. Пали вози и доколку нешто искрс е тука е гаранцијата.
Ова е споредба меѓу 1.6цдти и ново возило. Ако сакаш Сид, спореди стар сид со нов сид,

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #358 на: 16 Април 2022, 17:52:36 pm »
Сега може јасно да се воочи разлика помеѓу половно и ново возило.

Да ти се поклопеле финансиите за Сид ќе ги немаше овие главоболки. Пали вози и доколку нешто искрс е тука е гаранцијата.
Ова е споредба меѓу 1.6цдти и ново возило. Ако сакаш Сид, спореди стар сид со нов сид,
Има неколку теми за половни Сидови и со какви проблеми се соочуваат.
Од убавина никој не продава кола.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #359 на: 16 Април 2022, 20:04:41 pm »
Само ноФ голф тре 1.9тди 90пссс и да си го чепнеш на 120псс нема боље,ама нема ноФфф 😒

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk