Реално, прашањето "зошто ја продаваш?" не треба да биде дел од разговорот со продавачот. Има многу побитни работи кои можеш да го прашаш, ама не по телефон. На лице место.
Зошто би ти објаснувал од која причина ја продавам колата?
Ќе се осеќаш подобро кога ќе ти кажам "се селам, ми треба поголема, пари ми требаат, немам потреба од неа" и слично клише одговори, само за да ја продадам?
Тоа е кај нас, ментален склоп. Дојди, види, ако ти се бендиса, зимај. Уште крв и мокрача да им се бара на продавачите.
Јес да можел и на пофин начин да ти каже дека тоа не е твоја работа, тука нема збор. Ама да ти образлага, само затоа што пазарот е презаситен и тој е во подредена положба во овој однос, конкретно...
Нема ни причина, а ни потреба.