Автор Тема: CARclub Тест: Fiat Tipo Cross 1.0 T3  (Прочитано 4461 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: CARclub Тест: Fiat Tipo Cross 1.0 T3
« Одговори #1 на: 10 Март 2021, 19:17:35 pm »
Намали малку на коњите само во спецификации :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Fiat Tipo Cross 1.0 T3
« Одговори #2 на: 10 Март 2021, 19:25:31 pm »
Ахах, средено. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Fiat Tipo Cross 1.0 T3
« Одговори #3 на: 10 Март 2021, 19:31:20 pm »
Многу лесен куплунг и лесно маневрирање. Прекрасно за возење. Ренегејдот го има моторов со 120кс и доста подобро се однесува со такво мапирање - според мене.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: CARclub Тест: Fiat Tipo Cross 1.0 T3
« Одговори #4 на: 10 Март 2021, 19:34:13 pm »
Да посака човек Типо

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: CARclub Тест: Fiat Tipo Cross 1.0 T3
« Одговори #5 на: 10 Март 2021, 21:59:32 pm »
Хаоспичкелудилочистапетка.

Кое е код-името за бојата?
Или е чиста бела, ама филтрите го "дотеруваат" малку?
Без разлика, за мене, еден од ретките што се убави и бели.

Другото нема што да го коментираме. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Fiat Tipo Cross 1.0 T3
« Одговори #6 на: 11 Март 2021, 08:01:36 am »
Бело е, ама ептен на зајдисонце го сликав, па затоа така малку излегоа боите. :)

Да, одлично изгледа дури и бело - убаво изгледаат контрастните пластики во црна боја и сребренките деталчиња. Стварно добро изгледа, а и со фејслифтот стварно го модернизираа.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: CARclub Тест: Fiat Tipo Cross 1.0 T3
« Одговори #7 на: 11 Март 2021, 08:49:21 am »
Ubavo e kolicevo, a i vnatre ubavo go podsredile.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: CARclub Тест: Fiat Tipo Cross 1.0 T3
« Одговори #8 на: 11 Март 2021, 10:10:34 am »
Мислам дека не е лошо во тестовите каде имаш СУВ возила да ставаш во инфо колку е и висината од подлога (ground clearance).

Неретко се случува да тие возила имаат ист како и обично патничко возило, па кога споственикот заведен од маркетингот дека вози СУВ ќе се залета по некој макадан/земјен пат и заглави/удри некаде ќе се чуди и пцуе.

Чисто како совет/мислење.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Fiat Tipo Cross 1.0 T3
« Одговори #9 на: 11 Март 2021, 10:39:51 am »
Благодарам, зошто да не. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Fiat Tipo Cross 1.0 T3
« Одговори #10 на: 11 Март 2021, 10:46:42 am »
Мислам дека не е лошо во тестовите каде имаш СУВ возила да ставаш во инфо колку е и висината од подлога (ground clearance).

Неретко се случува да тие возила имаат ист како и обично патничко возило, па кога споственикот заведен од маркетингот дека вози СУВ ќе се залета по некој макадан/земјен пат и заглави/удри некаде ќе се чуди и пцуе.

Чисто како совет/мислење.
Тоа не е толку лесно како што изгледа. А треба и на нормални автомобили не само на СУВ. Имено висината може (и зависи) од пакетот на опрема и од други опции. На пример може да има 15мм разлика кај спортскиот пакет. Кај Ренегејт кај 2WD има 2цм помалку од Лимитед, а тој па 2цм помалку од Треилхок. Итн. Па за различни пазари може да е различна висината, па ние во точно кој спаѓаме за тоа конкретно возило. Турски и Индиски се доста повисоки од Европски верзии. Не е лесно да се одреди во секој случај, освен ако го нема како официјална информација. А понатаму не е само висината туку и approach i departure angle, тоа е она што те сече во Ситимол и слично, а не висината. Кај нормални коли од 140-175мм висина овие работи се доста слични и не се од голема корист. Ниту како информација. Евентуално над 200мм, 210-250мм веќе има бенефит од „повисоко подвозје“. Но, секако тоа си носи со себе и негативности на високо кренато тежиште. Некои што тоа го решиле добро како Форестер успеваат да имаат 210мм висина, одлични агли, а потоа и со боксерот да постигнат и одлично тежиште.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: CARclub Тест: Fiat Tipo Cross 1.0 T3
« Одговори #11 на: 11 Март 2021, 10:53:29 am »
Според нет ако е точно, 16цм е клиренсот, што значи идеално за 99,99% во Мкд. И браво за Типово, на слики ептен добро. Со новото Дачиа Сандеро ми се хит за 2021 засега.

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 238
Одг: CARclub Тест: Fiat Tipo Cross 1.0 T3
« Одговори #12 на: 11 Март 2021, 11:48:31 am »
Веќе прашав еднаш ама еве пак, @zeroSignal и @Deni споредба да направите со Сандерото, предности-недостатоци и ако го занемриме просторот/димензиите дали за вас вреди доплатата од +/- 3000 еврпојеци?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Fiat Tipo Cross 1.0 T3
« Одговори #13 на: 11 Март 2021, 11:52:41 am »
Типо-то е класа поголемо, има објективно подобар мотор (значително порафинирано работи), повеќе опрема и како комплет мислам дека е подобра кола. Ако се прашувам јас, разликата во цена е сосем оправдана.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Fiat Tipo Cross 1.0 T3
« Одговори #14 на: 11 Март 2021, 11:54:01 am »
30цм плус, 30нм плус, друга класа е Типото. Поголема и посилна кола пред се. Не се директни конкуренти за да се споредат.

Инаку многу солидни опции се и двете.