Денеска беше ден за кодирање, уште кога ја земав колата сакав да направам да може да гледам Google Earth сателитска мапа поклопена со стандардна мапа на виртуелниот кокпит пред мене, но за истото мораше да се активира Audi Connect месечна претплата во Ауди која секако дека кај нас не функционира како што треба. Така да по малце подолго барање на интернет спремен кодер кој ќе ми одработи неколку модификации во кодирањето на возилото, денеска го однесов истото да се прекодира.
Направени беа следните работи:
- Google Earth мапа на Виртуел Кокпитот како и на главниот екран преку сим картичката, без потреба од претплати и слично.
- S5 Virtuаl Cockpit, виртуелниот кокпит има лејаут од S5
- Спорт Дисплеј (G-метер)
- Needle Swap при палење на возилото
- Video in Motion (Приказ на видео на екранот додека возам, предходно можеше само додека возилото мирува)
- Start/Stop копчето е со меморија, односно ако ја изгасам колата со изгасен Старт/Стоп кога ќе ја запалам ќе биде изгасен повторно.
Пробав и со лејаут на виртуел кокпитот од RS5, ама не ми се допаѓаше сивото па се одлучив за S5, повеќе ми се допаѓаше тоа.
Еве неколку слики
Еве како беше со RS5 Virtual Cockpit
Гратис слика еве и потрошувачка после 4700км