Автор Тема: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive  (Прочитано 35015 пати)

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #45 на: 24 Февруари 2021, 00:36:39 am »
Цитат
Ми пречи она „сребреното“ на централната конзола и воланот, кое уствари е металик сива фарбаница. Се мислам да го прекријам со Brushed Alu фолија, или Black Brushed Аlu (како што е во 159-ката, кое многу ми се допаѓа)

Јас сум на мисла да го направам ова на централната конзолa на Леонот (и позади воланот) каде има сива пластика, ама не сум сигурен да не се раскрцкаат пластики ако се вадат + дали ќе изгледа добро.

Ако се решиш - да се договориме заедно да правиме?

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #46 на: 24 Февруари 2021, 00:53:30 am »
Честитки Симо, да си ја изнавозиш малава, 155коња у такво мало паковање сигурно дава многу ќеиф

Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #47 на: 24 Февруари 2021, 09:20:11 am »
Честито и од мене.
Седиштата се како да не седнал човек на нив.

Како што имам читано, кај М32 најчесто страда синхронот на 6та брзина, ама може да е тоа само кај Опел.
Брзо да ја оправиш и долго да те служи.

Присутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #48 на: 24 Февруари 2021, 09:34:12 am »
Со среќа нека е, да те служи долго.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #49 на: 24 Февруари 2021, 13:51:36 pm »
So zdravje da se voze, mnogu mnogu e ubavo, i mnogu vreme ja sakam ovaa konfiguracija, samo so crveni ili crni sedista ( zdravje, ke bide 😁 )

Planovi za vo idnina - https://youtu.be/POiPyPf-5sA 😁😁😁
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI

Отсутен benzin96

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #50 на: 26 Февруари 2021, 21:04:43 pm »
Со среќа нека е, иначе како е со сила споредено со 159ката ? Помалку хп али и доста полесно :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #51 на: 27 Февруари 2021, 08:59:36 am »
Дечки, благодарам уште еднаш за честитките!

@benzin96 Не би правел директна споредба со 159-ката пошто се сосема различни коли. Ова ти е нешто како градска петарда, а 159 е повеќе да ја пуштиш по Јадранска Магитрала или некој таков кривулест брз  пат (Демир Капија - Удово, да речеме у МК). Ако ги пуштиш на драг, 159-ката е побрза, ама генерално низ градски сообраќај не можеш да ја возиш така динамично како MiTo-то. Веројатно од Ѓорче до Лисиче во сред гужва прво ќе стигне MiTo :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #52 на: 27 Февруари 2021, 22:20:32 pm »
@Simo - Carrier159 da chepnam dali mi ostanalo nesto od bruseniot aluminium da ti dadam da si zalepis na toa sivuljavata plastika:)

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #53 на: 27 Февруари 2021, 23:17:59 pm »
@Simo - Carrier159 da chepnam dali mi ostanalo nesto od bruseniot aluminium da ti dadam da si zalepis na toa sivuljavata plastika:)
Какво пиво пиеш, е прашањето :D

@benzin96 Не би правел директна споредба со 159-ката пошто се сосема различни коли. Ова ти е нешто како градска петарда, а 159 е повеќе да ја пуштиш по Јадранска Магитрала или некој таков кривулест брз  пат (Демир Капија - Удово, да речеме у МК). Ако ги пуштиш на драг, 159-ката е побрза, ама генерално низ градски сообраќај не можеш да ја возиш така динамично како MiTo-то. Веројатно од Ѓорче до Лисиче во сред гужва прво ќе стигне MiTo :)

Да надополнам, денес поминав околу 400км автопат и магистрални патишта со MiTo-то, и дефинитивно не е кола за над 130-140. Иако оди преку 200км/ч (пробано, на приватна стаза  8) ), не се споредува со 159 на отворен пат.  Дефинитивно е прилагодено повеќе за градски услови, а за отворено, мора да е доста мазен асфалтот..
« Последно менување: 27 Февруари 2021, 23:28:47 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #54 на: 27 Февруари 2021, 23:43:38 pm »
Де бре, Типото спиеше на 160 (освен рикањето) а речиси исти димензии, додуше имаше малку поголемо меѓуосовинско, али па 20 години постара технологија :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #55 на: 27 Февруари 2021, 23:49:53 pm »
Не можам со Tipo да споредам. Споредбата погоре е со 159-ката. Не е критика за вожњата на MiTo-то исто така.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #56 на: 28 Февруари 2021, 00:19:24 am »
Добив таков впечаток кога рече дека не е кола за над 130.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #57 на: 28 Февруари 2021, 01:39:03 am »
@Simo - Carrier159 da chepnam dali mi ostanalo nesto od bruseniot aluminium da ti dadam da si zalepis na toa sivuljavata plastika:)
Какво пиво пиеш, е прашањето :D

ne pijam 3 godini  :D :D ali ako imam ostanato od taa sto e za wrapping isto ko da sum se napil :)

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #58 на: 28 Февруари 2021, 08:40:09 am »
Добив таков впечаток кога рече дека не е кола за над 130.
Па реално не е, освен ако патот не е совршено мазен, без дупки и оштетен асфалт. А кога ќе дојдат дупките и оштетениот асфалт тогаш е прилично напорно над 130. Пегла кривини, ама ако кривините се од асфалт кој што е оштетен, исто така не е пријатно. Затоа кажав дека не е за над 130, ако сакаш да стигнеш одморен на својата дестинација. Типично италијански, максималната брзина се постигнува максималниот степен при максимални вртежи, така да рачунај дека со 120км/ч си на 3050-3.100 вртежи, јес да убрзува и во 6-та, и тоа солидно, ама на 160 си веќе на 4200 вртежи. Се слуша веќе и бука од мотор и издув, колата е лесна и тврда, станува џампи...Држ се до 120-130, ќе биде супер. Ако начекаш здрав автопат, секако не е проблем и 160-тина, ама таму веќе со 159-ката сум на 190-200

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #59 на: 18 Март 2021, 11:25:40 am »
Денес прва сервисна интервенција. Сменети задни плочки, набавени TRW Cotec серија. Збогом чкрипење :)