Според ова што го кажуваш, ете да земеме дека на 350 км ти троши по 8 литри бензин, тоа доаѓа до просек од 2.2 литри бензин на 100 км пропратно со плинот.
Дали е многу или малку, во глобала најверојатно тебе ти пали на бензин постојано, без разлика дали е ладен или загреан мотор.
Отиди до некој сервис за плин, видете дали може да се подеси да пали директно на плин кога е загреан, пример си застанал на 10 минути, потоа глупо е да пали на бензин, па повторно на плин.
По избледено сеќавање со Југото и Типото (карбуратори) ставав 10 литри бензин на 1000 км градска вожња и нивото во резервоарот растеше.
Наутро палев на бензин и префрлував на плин по некои 500 метри, во обратен правец, односно 500 метри пред дома враќав на бензин.
Зимски период возев подолго од 500м на бензин поради мрзнење расплињача.
Чудно, јас веќе еве за пар месеци 6 години фелациото само на плин се пали, лете зиме, и никогаш не замрзна расплињачата.
И после 1 км од палењето сум тестирал да ја опипам расплињачата, била идентично загреана како и моторот во тој момент (колку и да била температурата).
Последниов период (пу пу да не ја урочам), така успеав идеално да ја наштелувам што нема потреба ниту да го стискам црвениот тастер да пуштам плин.
На ладен мотор пали после максимални 3 секунди верглање, додека на загреан мотор пали на 1/4 клуч. (ова дури и ме нервира понекогаш зашто од толку брзо палење ми го провртува алансерот иако само на сец го мрдам клучот и пали и кад тад ќе се поебе роторот)