Автор Тема: BMW e87 120d  (Прочитано 9651 пати)

Отсутен neno[]

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 142
BMW e87 120d
« на: 01 Февруари 2021, 18:52:02 pm »
Здраво!
Дојде време и јас да ви го претставам моето ново милениче кое го имам од август 2020.. после 11годишна дружба со калибрата конечно решив да сменам нешто, и по долга потрага се одлучив за ова градско возилце..  :)
Се работи за бмв е87 120д моторот е М47 со 163кс еден од најпогодените дизели на бмв.Мењачот е мануел со 6 брзини.. Произведено е 12.12.2005год, има некаде околу 183000км поминато што малце е тешко да се поверува,али со оглед на тоа во каква состојба е внатрешниот и надворешниот изглед можно е да е реална. :)
До сега се е стандарт на него, фабрички е со 16ки бандашчиња кои тие ми се во план да ги чувам за зимски сет,за летоска имам друг план.. :)
Околу моторот не е чепкано ништо,одкако го имам сменети се само 4 греачи Bosch,филтрите, и секако уље Castrol 5w/40.. Со потрошња е економично негде од 7.5 - 8.2 градска, на отворено знае да биде и испод 5л.

Еве и некоја сликичка















Интериерот




Една зимска  ;D


И секако моторчето :)

« Последно менување: 01 Февруари 2021, 19:04:37 pm neno[] »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: BMW e87 120d
« Одговори #1 на: 01 Февруари 2021, 19:22:42 pm »
Мојата прва желба откако зедов да разгледувам коли за да го сменам Бравото.

Честитки!


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: BMW e87 120d
« Одговори #2 на: 01 Февруари 2021, 19:25:48 pm »
Здраво колега! 😁

Убаво бимерче. Создравје да си го возиш.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: BMW e87 120d
« Одговори #3 на: 01 Февруари 2021, 19:32:54 pm »
Многу се брзи овие, заедно купувавме едно за колегата, со истиот овој мотор, солидно влечи  :D Со здравје да се вози.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: BMW e87 120d
« Одговори #4 на: 01 Февруари 2021, 19:57:46 pm »
Ова ако е градско возилце, како да ги наречеме помалите ;D

Убаво изгледа колата и со зравје да се возиш.

Отсутен neno[]

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 142
Одг: BMW e87 120d
« Одговори #5 на: 01 Февруари 2021, 20:07:07 pm »
Фала ви! да си купите што ќе посакате.. па градско пошо за разлика од другите бимери е помало :) брзичко е богами погодена е коњажата ептен, нема мука :)

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: BMW e87 120d
« Одговори #6 на: 01 Февруари 2021, 20:23:39 pm »
Многу ми се допаѓа ова серија на БМВ, ги пратам по огласи подолго време, добар примерок си земал создравје да си го возиш....

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: BMW e87 120d
« Одговори #7 на: 01 Февруари 2021, 20:53:34 pm »
Со здравје да се вози.

Цитат
Се работи за бмв е87 120д моторот е М47 со 163кс еден од најпогодените дизели на бмв.
Се надевам со оваа реченица мислеше за нај НЕ погодените мотори на бмв.

Огромен проблем има овај мотор со ланчето. Доколку не си направил проме со ревизија на ланецот и затегачите до сега, направи го тоа што побрзо. За да не си го видиш клип бр.3 низ хауба.

Пиши му на @Спенсер ќе објасни подетално што ти треба и колку кошта.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3470
Одг: BMW e87 120d
« Одговори #8 на: 01 Февруари 2021, 20:57:21 pm »
Со здравје да се вози!
 @osmica8 не беше 118d проблематичниот?

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: BMW e87 120d
« Одговори #9 на: 01 Февруари 2021, 21:00:34 pm »
Со здравје да се вози.

Цитат
Се работи за бмв е87 120д моторот е М47 со 163кс еден од најпогодените дизели на бмв.
Се надевам со оваа реченица мислеше за нај НЕ погодените мотори на бмв.

Огромен проблем има овај мотор со ланчето. Доколку не си направил проме со ревизија на ланецот и затегачите до сега, направи го тоа што побрзо. За да не си го видиш клип бр.3 низ хауба.

Пиши му на @Спенсер ќе објасни подетално што ти треба и колку кошта.

Не го паничи човекот, неговиот мотор си е добар. 8) ;D  M47 е ОК, неговиот наследник во фејслифт моделите, N47 е проблематичен. :D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: BMW e87 120d
« Одговори #10 на: 01 Февруари 2021, 21:04:11 pm »
M47,N47 кој да ги прати.

Се знај од БМВ само 3.0

Ништо тогаш M47 само вадење лептирите и терај до смрт.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e87 120d
« Одговори #11 на: 01 Февруари 2021, 21:51:07 pm »
Со здравје да се вози!

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: BMW e87 120d
« Одговори #12 на: 01 Февруари 2021, 21:57:54 pm »
So zdravje da se vozi, dobar primerok si odbral!

Отсутен neno[]

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 142
Одг: BMW e87 120d
« Одговори #13 на: 01 Февруари 2021, 22:33:59 pm »
Со здравје да се вози.

Цитат
Се работи за бмв е87 120д моторот е М47 со 163кс еден од најпогодените дизели на бмв.
Се надевам со оваа реченица мислеше за нај НЕ погодените мотори на бмв.

Огромен проблем има овај мотор со ланчето. Доколку не си направил проме со ревизија на ланецот и затегачите до сега, направи го тоа што побрзо. За да не си го видиш клип бр.3 низ хауба.

Пиши му на @Спенсер ќе објасни подетално што ти треба и колку кошта.

Ваљда мислиш на N47 тие со 177кс се проблематични.. барем пред да го земам се распрашував со доста мајстори сите ми го препорачаа овој мотор затоа и барав вакво.. :)

Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 675
  • Pixel Perfect.
Одг: BMW e87 120d
« Одговори #14 на: 01 Февруари 2021, 23:27:24 pm »
Со здравје да се вози и многу километри. М47 е најздравиот мотор на Баварците.

Ништо тогаш M47 само вадење лептирите и терај до смрт.
Додека се вози со ДПФ, оваа идеја е контрапродуктивна. Додека е во лер или на ниски обртаи градско возење, лептирите се затворени и се прави помалку гареж (soot). Со извадени лептири и ДПФ, регенерациите станувале почести.

Цитат
Еmissions in general are improved at low load, which makes the flaps important for those who still use the dpf. They help idle conditions to reduce soot.
If you don't have a dpf, you won't see a benefit to them.