Автор Тема: Ford Focus 2007 1.6 TDCi 110ks - Губиток на моќ: Прегорен греач, не МАФ сензор  (Прочитано 2073 пати)

Отсутен bekanMEN

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Здраво дечки и поздрав до сите.

Бидејќи поминав низ ова искуство и можеби некој друг го има сличниот проблем си реков да споделам тоа што научив. Пред месец дена колата да влече послабо но значително послабо (едвај качуваше 100) и мислам дека се случи после одење на Пониква поради теретот итн. Ја однесов на еден мајстор кај кој колата стоеше два дена а тој не сменил ништо. Ја ставил на компјутер бидејќи светеше check engine и покажало изгорен греач, но не сменил ниту еден. На 3 ден откако ја оставив колата му се јавив и тој ми вели јас чекав да ми се јавиш ти го изгубив бројот и си велам ќе дојде кога тогаш. Не сум одел многу по мајстори и не знам дали сите се вака но да му изгубиш број на муштерија кој ти остава своја кола е стварно непрофесионално. Кога отидов да ја земам ми кажа изгорени се греачите и не го вклучува турбото што беше апла лажење бидејќи до толку и јас знам и го слушам кога возам. Видов дека сака да се реши од мене бидејќи во работилнцата имаше Х1, нов Пасат и други поскапи коли. бидејќи има современ сервис.

Потоа татко ми ја зеде колата за Скопје (од Кочани) и на враќање помина кај мајстор за кој бев слушнал дека е многу добар и има многу современа дијагностика но тешко се доаѓа на ред ако не те познава. Излезе дека биле добри пријатели со татко ми и му кажал дека навистина е изгорен греач (мислам сите 4) но да не ги купува сите да купи само еден а колата пак ќе влече нормално. Купивме еден греач за 1000 febi-bilstein 31248 и тоа излезе дека е решението.

На почетокот мислев дека е МАФ сензорот бидејќи кај еден претходен мајстор кој ми го промени маслото го извади airbox-от за полесен пристап и не го приклучил сензорот. Дури купив нов сензор но кај друг познаник (знам дека прошетав многу мајстори  ;D) кој специјализира за плин (но има компјутер) го исчисти стариот филтер, го вклучи конекторот на сензорот и го избриша кодот преку OBD2 и колата си беше супер се додека не прогоре греачот.

Така да ова беше широко објаснување за едноставна тема но одете кај мајстори на кои им верувате и секогаш прошетајте по форумите бидејќи можеби некој го има истиот проблем како и вас.

Поздрав форумџии и со лесно!

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1476
Пази се од квази мајстори, има на форумов теми за проверени сервиси, за недај боже ;D
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2998
Симптомите што ги кажуваш се дека колата влегувала во limp mode, а тоа да биде предизвикано од изгорен греач некако нема логика.

Ај излези на автопат и извози ја на 4000rpm неколку минути да видиш пак дали истото ќе се случи.

Отсутен bekanMEN

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Da bese vlezena vo limp home. I mene mi bese cudno kako moze greac da predizvika limp home no izguglav i na fordownersclub imase isti post so simptomite i podole nekoj mu objasni na covekot deka greacite ne se koristat samo za startuvanje na motorot tuku i za reguliranje na emisiite i vo normalni uslovi. Utre pak imam rabota do Skopje pa ke ja probam na avtopatot i ke izvestam ako ima nekoi promeni (daj Boze da nema  :D).

https://www.fordownersclub.com/forums/topic/73282-failed-glow-plugs-lead-to-limp-mode/

Отсутен runcev

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Кај кој мајстори у Кочани ја носи?

Sent from my M2003J15SC using Tapatalk


Отсутен bekanMEN

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Ne bi sakal da kazam, kako sto kazav nemam mnogu iskustvo po majstori i mozebi prviot majstor ne mislel nesto loso i ne sakal da menuva delovi bez moja dozvola no sepak da izgubis broj na musterija (ili da ne go zapises vo telefon) ne e okej.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
На враќање кај застанавте?

И пиши ги мајсторите, ќе помогнеш на некој, кој курац.
Небаре ќе те тепаат по Кочани.

Отсутен bekanMEN

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Kaj majstorot Blagojco vo Cesinovo posle ja odnesvme i toj ja opravi, ne znam deka se naogja tocno bidejki ne bev jas prisuten samo tatko mi no mislam deka bese na vlezot od seloto.
« Последно менување: 31 Јануари 2021, 17:10:35 pm bekanMEN »

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8644
  • Пичлеме
Баш вчера со колегата од работа го коментиравме овој момент (баш вчера :) ).
Има Форд Фокус, иста година, ист мотор (не знам дали бојата е иста, тегет е неговиот Фокус :) ).
И него му се случувало истото заради прегорени грејачи, limp mode.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Kaj majstorot Blagojco vo Cesinovo posle ja odnesvme i toj ja opravi, ne znam deka se naogja tocno bidejki ne bev jas prisuten samo tatko mi no mislam deka bese na vlezot od seloto.

Пиши друг пат на форумов порано за мајстор, а имаме врски кај Баже - Чешиново :)

Отсутен bekanMEN

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Хахаха, не знаев за врските  :D и ова ми е прв пост па бидејќи ова ми се случи од скоро сакав да го напишам пошто може некој ќе има полза. Го читам сајтот одамна и сум член на форумот некое време и планирам да бидам многу поактивен во иднина.  ::)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
И за мајстори ли дојде време преку врски ;D

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Па нема мајстори бе 😁

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5006
  • The Spartan General
Најубаво е било да ги смените сите 4 и релејот/контролерот. Ама и вака ќе тера, плус ќе помине зимата. На лето ќе пали и без греачи.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен bekanMEN

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Da, taman rabota toa e sekogas najdobro no sega za sega nemam zamerka, da cuknam vo drvo