Неколку дена детево има затнат нос, имаше температура едно друго, и на лекар ја водеа како реинфект затоа што пред НГ. беше болна. Плачеше со саати 2 пати бевме во болница, влечеме секрет со носко за на правосмукалка ама џабе. Дадоа капки, спрејови лекови итн. Носот никако да се отне. Детево не може да спие, се дави. Вчера ми дојде многу жал, а сум гледал на нет ваква метода. Земав шприц, го потсеков врвчето да не направи повреда, најдов гумичка од слушалки од мобилен и ја напасував за да направи вакум. Наполнив со физиолошки собрав храброст и пробав. Излегоа триста зелени гадови, малку плачеше ама нормално е од страв. Ја повторив процедурата во другата ноздра. Детето конечно заспа после 3 дена. Моабетот ми е колку пати смеам да го повторам тоа во текот на еден ден. @InSides ќе треба да знае, а исто и @NeVeNR.
https://youtu.be/SiKrmWx2FiE
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Sent from my VTR-L29 using Tapatalk
Веќе една година не сум матичен во МК и оттгоаш не сум лечел бебиња, ама затоа баш денеска имав еден 99 годишен пациент и една 100 годишна пациентка
Физиолошкиот раствор можеш 3-4 пати на ден да го користиш. Дали тоа ќе го правиш со шприц домашен или со некакви си направи со влечење со уста или пумпици исто ти е. Акотвојот изум го трпи детето, тогаш не се замарај и продолжи со него. Исто не ти е битно дали ќе користиш физиолошки раствор спакуван во капки или спрејеви или ќе го купуваш тој во аптека што е за инфузија и ратворање на ампули, битно ти е да е физиолошки. Се друго е џабе фрлање на пари. Исто немој да заборавиш, детето мора да биде во седешка позиција за да не аспирира.
Како второ што имам приметено во мојот 4 годишен стаж на матичен-квази педијатар е ако се грееш на клима или термо, посебно овие направи ако работат во просторијата каде што спие дететото, знаат да го сушат воздухот преку ноќ и да има детето хронични проблеми со затнат нос. Затоа ако се грееш на шпорет или термо, ставај тенџере со чај од камилица да испарува навечер. Ако се грееш на клима, редовно проветрување во просторија и никако оставање навечер да работи каде што спие детето.
Обично има приватни ОРЛ лекари кои што работат со упати и каде што можеш да го однесеш детето на чистење, битно е детето да е постаро од 6 месеци. Јас сигурно сум пратил преку илјада дечиња и можам да кажам дека имало секогаш подобрување. Трет крајник народски кажано нема логика да се испитува во првите неколку години.
Ако не сте направиле брис од грло и нос, тогаш направете, чисто за евиденција, не дека бактерија во нос или грло е нешто страшно кај неколкугодишно дете или дете под една година кое се што стигне става во нос или кое оди во градинка.
Има ОРЛ лекари кои прават микс со капки за нос. Додаваат и пола ампула гарамицин во Оперил П или капки со физиолошки раствор. Сум го практикувал и јас тоа на времето да го препишувам, ама нема никаква научна потврда дека лек што се дава интравенски или интрамускулно ќе делува и интраназално.
Мој совет е терај како што си почнал, пред повторно давање на антибиотик обавезно крвна слика, брис од грло и нос ако не е направен направите за евиденција, ако почне детето повторно многу да ''крчи'' одете кај ОРЛ на чистење. Oд антихистаминици можеш да користиш сируп Авил под една година, сируп Аериус на една година (со Аериус имам најдобро искуство). Овие сирупи ќе го намалат отокот во слузницата и ќе ја намалат дополнително секрецијата.
Други идеи немам