Автор Тема: CARclub дечиња!  (Прочитано 308736 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1721
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2145 на: 08 Јануари 2019, 00:50:36 am »
Извинете за офтопик

Друже НеВеНР,  ти си д-р што работиш во друга држава?
Доколку да, претпоставувам еден од многуте кои за жал си отидовте од мк...

Колку е жално  ова што ни се случува со егзодусот на лекари. Жално и за лекарите и за пациентите.
Те поздравувам и ти посакувам успешна кариера.
Неколку дена детево има затнат нос, имаше температура едно друго, и на лекар ја водеа како реинфект затоа што пред НГ. беше болна. Плачеше со саати 2 пати бевме во болница, влечеме секрет со носко за на правосмукалка ама џабе. Дадоа капки, спрејови лекови итн. Носот никако да се отне. Детево не може да спие, се дави. Вчера ми дојде многу жал, а сум гледал на нет ваква метода. Земав шприц, го потсеков врвчето да не направи повреда, најдов гумичка од слушалки од мобилен и ја напасував за да направи вакум. Наполнив со физиолошки собрав храброст и пробав. Излегоа триста зелени гадови, малку плачеше ама нормално е од страв. Ја повторив процедурата во другата ноздра. Детето конечно заспа после 3 дена. Моабетот ми е колку пати смеам да го повторам тоа во текот на еден ден. @InSides ќе треба да знае, а исто и @NeVeNR.

https://youtu.be/SiKrmWx2FiE


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk



Веќе една година не сум матичен во МК и оттгоаш не сум лечел бебиња, ама затоа баш денеска имав еден 99 годишен пациент и една 100 годишна пациентка :D

Физиолошкиот раствор можеш 3-4 пати на ден да го користиш. Дали тоа ќе го правиш со шприц домашен или со некакви си направи со влечење со уста или пумпици исто ти е. Акотвојот изум го трпи детето, тогаш не се замарај и продолжи со него. Исто не ти е битно дали ќе користиш физиолошки раствор спакуван во капки или спрејеви или ќе го купуваш тој во аптека што е за инфузија и ратворање на ампули, битно ти е да е физиолошки. Се друго е џабе фрлање на пари. Исто немој да заборавиш, детето мора да биде во седешка позиција за да не аспирира.

Како второ што имам приметено во мојот 4 годишен стаж на матичен-квази педијатар е ако се грееш на клима или термо, посебно овие направи ако работат во просторијата каде што спие дететото, знаат да го сушат воздухот преку ноќ и да има детето хронични проблеми со затнат нос. Затоа ако се грееш на шпорет или термо, ставај тенџере со чај од камилица да испарува навечер. Ако се грееш на клима, редовно проветрување во просторија и никако оставање навечер да работи каде што спие детето.

Обично има приватни ОРЛ лекари кои што работат со упати и каде што можеш да го однесеш детето на чистење, битно е детето да е постаро од 6 месеци. Јас сигурно сум пратил преку илјада дечиња и можам да кажам дека имало секогаш подобрување. Трет крајник народски кажано нема логика да се испитува во првите неколку години.

Ако не сте направиле брис од грло и нос, тогаш направете, чисто за евиденција, не дека бактерија во нос или грло е нешто страшно кај неколкугодишно дете или дете под една година кое се што стигне става во нос или кое оди во градинка.

Има ОРЛ лекари кои прават микс со капки за нос. Додаваат и пола ампула гарамицин во Оперил П или капки со физиолошки раствор. Сум го практикувал и јас тоа на времето да го препишувам, ама нема никаква научна потврда дека лек што се дава интравенски или интрамускулно ќе делува и интраназално.

Мој совет е терај како што си почнал, пред повторно давање на антибиотик обавезно крвна слика, брис од грло и нос ако не е направен направите за евиденција, ако почне детето повторно многу да ''крчи'' одете кај ОРЛ на чистење. Oд антихистаминици можеш да користиш сируп Авил под една година, сируп Аериус на една година (со Аериус имам најдобро искуство). Овие сирупи ќе го намалат отокот во слузницата и ќе ја намалат дополнително секрецијата.

Други идеи немам

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2146 на: 08 Јануари 2019, 08:30:24 am »
...

Фала богу доктор да се јави на темата. Само пази се, да не ти извадат линкови од некаде, па да мора да си ја сокинеш дипломата.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2147 на: 08 Јануари 2019, 08:53:12 am »
Неколку дена детево има затнат нос, имаше температура едно друго, и на лекар ја водеа како реинфект затоа што пред НГ. беше болна. Плачеше со саати 2 пати бевме во болница, влечеме секрет со носко за на правосмукалка ама џабе. Дадоа капки, спрејови лекови итн. Носот никако да се отне. Детево не може да спие, се дави. Вчера ми дојде многу жал, а сум гледал на нет ваква метода. Земав шприц, го потсеков врвчето да не направи повреда, најдов гумичка од слушалки од мобилен и ја напасував за да направи вакум. Наполнив со физиолошки собрав храброст и пробав. Излегоа триста зелени гадови, малку плачеше ама нормално е од страв. Ја повторив процедурата во другата ноздра. Детето конечно заспа после 3 дена. Моабетот ми е колку пати смеам да го повторам тоа во текот на еден ден. @InSides ќе треба да знае, а исто и @nevenr.

https://youtu.be/SiKrmWx2FiE


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Марјан, како што разбрав, шприцаш во една ноздрва а излегува од другата или во таа што шприцаш после ја чистите (дувате), исти маки имаме изгледа сите....
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6740
  • Бенве сие бенве
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2148 на: 08 Јануари 2019, 09:04:34 am »
Се од лекови што му е дадено на детето е во консултација со доктор. На своја рака е само ова чистењето со физиолошки. До сега е вакцинирано и фала богу добро е. Е сеа уште не знае да ми донесе пиво од фрижидер ама мало е ќе научи.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6740
  • Бенве сие бенве
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2149 на: 08 Јануари 2019, 09:09:17 am »
Неколку дена детево има затнат нос, имаше температура едно друго, и на лекар ја водеа како реинфект затоа што пред НГ. беше болна. Плачеше со саати 2 пати бевме во болница, влечеме секрет со носко за на правосмукалка ама џабе. Дадоа капки, спрејови лекови итн. Носот никако да се отне. Детево не може да спие, се дави. Вчера ми дојде многу жал, а сум гледал на нет ваква метода. Земав шприц, го потсеков врвчето да не направи повреда, најдов гумичка од слушалки од мобилен и ја напасував за да направи вакум. Наполнив со физиолошки собрав храброст и пробав. Излегоа триста зелени гадови, малку плачеше ама нормално е од страв. Ја повторив процедурата во другата ноздра. Детето конечно заспа после 3 дена. Моабетот ми е колку пати смеам да го повторам тоа во текот на еден ден. @InSides ќе треба да знае, а исто и @nevenr.

https://youtu.be/SiKrmWx2FiE


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Марјан, како што разбрав, шприцаш во една ноздрва а излегува од другата или во таа што шприцаш после ја чистите (дувате), исти маки имаме изгледа сите....
Има видео погоре, на јутјуб има повеќе видеа, шприцаш во едната излегува од другата, главата наведната нанапред.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2150 на: 08 Јануари 2019, 15:13:58 pm »
Се од лекови што му е дадено на детето е во консултација со доктор. На своја рака е само ова чистењето со физиолошки. До сега е вакцинирано и фала богу добро е. Е сеа уште не знае да ми донесе пиво од фрижидер ама мало е ќе научи.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk



Име, @NeVeNR убаво објасни.

Да додадам, без да го навлечам гревот на љубителите на клими, додавајте масна компонента за да се намали можноста за протекување на крв од носот.

Нашиот цар се уште не научи да секне нос (мрза на тато, љуби га мајка) па досега уништивме 4 парчиња NoseFrida, и плус по еден сет кај секоја од бабите. Оди во комбинација со физиолошки на спреј или директно со шприц.

И ние имаме мака со леплив секрет, па затоа шприцаме и почекуваме пар минути пред влечење со NoseFrida-та.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2151 на: 08 Јануари 2019, 15:54:07 pm »
Неколку дена детево има затнат нос, имаше температура едно друго, и на лекар ја водеа како реинфект затоа што пред НГ. беше болна. Плачеше со саати 2 пати бевме во болница, влечеме секрет со носко за на правосмукалка ама џабе. Дадоа капки, спрејови лекови итн. Носот никако да се отне. Детево не може да спие, се дави. Вчера ми дојде многу жал, а сум гледал на нет ваква метода. Земав шприц, го потсеков врвчето да не направи повреда, најдов гумичка од слушалки од мобилен и ја напасував за да направи вакум. Наполнив со физиолошки собрав храброст и пробав. Излегоа триста зелени гадови, малку плачеше ама нормално е од страв. Ја повторив процедурата во другата ноздра. Детето конечно заспа после 3 дена. Моабетот ми е колку пати смеам да го повторам тоа во текот на еден ден. @InSides ќе треба да знае, а исто и @NeVeNR.

https://youtu.be/SiKrmWx2FiE


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk



Веќе една година не сум матичен во МК и оттгоаш не сум лечел бебиња, ама затоа баш денеска имав еден 99 годишен пациент и една 100 годишна пациентка :D

Физиолошкиот раствор можеш 3-4 пати на ден да го користиш. Дали тоа ќе го правиш со шприц домашен или со некакви си направи со влечење со уста или пумпици исто ти е. Акотвојот изум го трпи детето, тогаш не се замарај и продолжи со него. Исто не ти е битно дали ќе користиш физиолошки раствор спакуван во капки или спрејеви или ќе го купуваш тој во аптека што е за инфузија и ратворање на ампули, битно ти е да е физиолошки. Се друго е џабе фрлање на пари. Исто немој да заборавиш, детето мора да биде во седешка позиција за да не аспирира.

Како второ што имам приметено во мојот 4 годишен стаж на матичен-квази педијатар е ако се грееш на клима или термо, посебно овие направи ако работат во просторијата каде што спие дететото, знаат да го сушат воздухот преку ноќ и да има детето хронични проблеми со затнат нос. Затоа ако се грееш на шпорет или термо, ставај тенџере со чај од камилица да испарува навечер. Ако се грееш на клима, редовно проветрување во просторија и никако оставање навечер да работи каде што спие детето.

Обично има приватни ОРЛ лекари кои што работат со упати и каде што можеш да го однесеш детето на чистење, битно е детето да е постаро од 6 месеци. Јас сигурно сум пратил преку илјада дечиња и можам да кажам дека имало секогаш подобрување. Трет крајник народски кажано нема логика да се испитува во првите неколку години.

Ако не сте направиле брис од грло и нос, тогаш направете, чисто за евиденција, не дека бактерија во нос или грло е нешто страшно кај неколкугодишно дете или дете под една година кое се што стигне става во нос или кое оди во градинка.

Има ОРЛ лекари кои прават микс со капки за нос. Додаваат и пола ампула гарамицин во Оперил П или капки со физиолошки раствор. Сум го практикувал и јас тоа на времето да го препишувам, ама нема никаква научна потврда дека лек што се дава интравенски или интрамускулно ќе делува и интраназално.

Мој совет е терај како што си почнал, пред повторно давање на антибиотик обавезно крвна слика, брис од грло и нос ако не е направен направите за евиденција, ако почне детето повторно многу да ''крчи'' одете кај ОРЛ на чистење. Oд антихистаминици можеш да користиш сируп Авил под една година, сируп Аериус на една година (со Аериус имам најдобро искуство). Овие сирупи ќе го намалат отокот во слузницата и ќе ја намалат дополнително секрецијата.

Други идеи немам




@NeVeNR  ај ако не ти е тешко да објасниш подетално за болдираното? Мојов е 2 ипол па затоа ме интересира, која е границата за тие "први неколку години"

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1504
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2152 на: 08 Јануари 2019, 18:17:13 pm »
Клабери ,
Се работи за Дормео навлажнувач.
Се јавив во топшоп ,кажаа дека треба на сервис.
Работи, свети, дува но не излегува пареа- не прави влажност.
Некој да не се соочил со ваков проблем?

Го пишав во оваа тема бидејќи јас го купив поради малиот клабер...ако треба правете премештај во друга.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2153 на: 08 Јануари 2019, 19:30:45 pm »
Вaкa oд првa, кaменец имa фaтенo.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1504
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2154 на: 08 Јануари 2019, 21:13:44 pm »
Пробав со прашок/средство (за чистење бигор -специјално од Кам) кај елек.бокал ми помогна тука Не.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2155 на: 08 Јануари 2019, 22:29:53 pm »
Најверојатно е со дизна или тесно грло отворот од каде испарува водата па средството неможе да продре низ истата, пробај рачно да го исчистиш, што знам, со игла...
Секако ако е под гаранција носи на сервис.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2156 на: 08 Јануари 2019, 22:53:55 pm »
Извинете за офтопик

Друже НеВеНР,  ти си д-р што работиш во друга држава?
Доколку да, претпоставувам еден од многуте кои за жал си отидовте од мк...

Колку е жално  ова што ни се случува со егзодусот на лекари. Жално и за лекарите и за пациентите.
Те поздравувам и ти посакувам успешна кариера.

Фала @Bravo, работам во Германија,поточно во покраината Саксонија, моментално како специјализант по интерна медицина.

...

Фала богу доктор да се јави на темата. Само пази се, да не ти извадат линкови од некаде, па да мора да си ја сокинеш дипломата.

Линкови не признавам, освен ако тоа не се научни трудови на официјални страни за објавување на научни трудови. Така функционира медицината или нешто се има сменето а јас сум пропуштил во меѓувреме :/  Eве скоро една година помина а уште не сум сретнал толку тврдокорни пациенти како порано, дома мака мачев секој ден да се докажувам со некои и мислам дека останавме недокажани.

@NeVeNR  ај ако не ти е тешко да објасниш подетално за болдираното? Мојов е 2 ипол па затоа ме интересира, која е границата за тие "први неколку години"

''Третиот крајник'' е лимфно ткиво кое по правило расте кај децата од раѓање па некаде до 5-7 години, во првите 2-3 години не расте брзо или не расте толку брзо за да покаже симптоми на механичка опструкција кај децата. А тоа значи носната шуплина не комуницира добро со устата, притисокот во ушите не може да се изедначи вака лаички објаснето и затоа особено кај деца кои дишат само на уста, имаат барем 3-4 пати годишно долнореспираторни инфекции (бронхит или бронхопневмонија), често имаат ушни инфекции со опасност за трајно оштетување на слухот, редовно мораат да земаат антибиотици итн се планира оперативно отстранување.

Кога се оди на преглед кај ОРЛ се прави флексибилна фарингоскопија или преглед со фарингоскоп (со обичен преглед на грло кај матичен трет крајник не може да се види) и притоа се земаат во предвид горенаведените работи и доколку е потребна операција обично се организира минимум на 2 години, идеално над 3 години и идеално на пролет или на есен, заради тоа што детето треба да е комплет здраво и заради можни копликации со анестезија. Ако детето ти е стасано до тој степен, тогаш препорачувам упат до Козле, таму има добри ОРЛ-лекари кои подобро ќе го водат детето заедно со тамошните пулмолози од приватните.

"Третиот крајник'' спонатно инволуира после да кажеме 7-та година, па некаде до пред или после пубертет/адолесценција. Затоа кај најголем дел од децата се чека и не се оперира. Има и други крајници, тонзиларни и тие знаат да прават проблеми, тие се гледаат со обичен преглед со шпатула.

Сума сумарум, преглед на трет крајник може и порано да се направи, прашање е што ќе се добие со тој преглед и што понатака. И да се открие зголемен трет крајник, ова ретко се случува, не верувам дека некој ќе се нафати да оперира толку мало дете.
« Последно менување: 08 Јануари 2019, 23:10:57 pm NeVeNR »
Зини да ти кажу.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2157 на: 08 Јануари 2019, 23:23:40 pm »
Фала за појаснувањето!
Он беше на терапија и сега е ок.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2158 на: 14 Јануари 2019, 12:24:24 pm »
Пак да прашам, дали имате некоја жена да препорачате за чување ? 9 месеци ќе има малата кога ќе треба.

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6740
  • Бенве сие бенве
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2159 на: 14 Јануари 2019, 15:28:34 pm »
Јас едвај најдов во Велес, не е секому да дадеш дете или да го пуштиш дома. Се погоди среќа пријателка имаше проблеми на работа и каснеа со плата  па ја викнавме ние. Девојчето е 27год нема искуство со деца ама се грижи повеќе од било кој што сум го сретнал. Не правеа луди затоа што тоа требало да биде стара искусна жена што веќе имала деца ама јас мислам дека не погрешив. Гледај најди некоја што ја познаваш, пријателка на сопругата можеби. Ние и плаќаме 200еур, од 13-19ч женами оди само втора смена од 16:30-19:30ч. Од септември кога ќе има стекнато некои основни животни навики планираме да ја пуштиме во градинка. Тогаш ќе има 1г8м.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk