Така си е, само што ти кажуваш за возрасни луѓе, а овие се дечишта
Како и да е, ... се согласувам потполно дека не треба да се замараат децата со флаширана вода, со екстра чисти раце, ...
Кога ќе ми текне, ниту ме знаеја каде сум, ни телефон имаа од мене. Кога јадевме, јадевме на улица со кал до лактите, пиевме вода од цревото на комшијата ддури ги прскаше цвеќињата.
Ние имавме дури Електростопанство до нас, каде што по некоја логика, во строг центар на град, на сам Широк Сокак, дробеа акумулатори. Газевме по акумулатори и киселини ни ги топеа патиките, за да ги извадиме оловните плочки да си правиме базени во кал.