Кога читам вака, ми иде уште едно да си направам

Јас првпат преспав асално после 7 години. Прво бр.1 не спиеше навечер, првпат преспа цела вечер после 3 години. Арно ама тогаш стигнаа бр.2 и бр.3.
Бр.2 арна си беше, може дека женско, ама бр.3 стануваше на 40 минути. Точно. Штоперица. И се така до лани Ноември месец.
За преповивање, со една рака сум се научил и 2 одеднаш. Бр.1 имаше мерак стално да ми се испосере на трудот уште не преповиен. Јас ќе му извадам, ќе исчистам, ќе ставам нова и уште не затворена...тече, од сите страни. Прв пат кога видов дека гомно искакал сакав куќна слава да си го земам. Не ми се верувало дека некогаш во живот ќе се радувам толку на гомце.
Предноста кај нашиве 3 е што не се замараш кога плаче некој. Пошто секогаш има некој да плаче. Едно ако престане, друго ќе почне, тоа ќе престане третото му текнало дека на Тор шлемот му го нема и почнуваш да игнорираш.
КОга беше едно, сме го бањале/сушеле/облакале 40 минути. КОга биднаа 3, за 15 минути тројцата ги бањаме. Пушташ тушот ко Рамбо што го бањаа со хидрант во кецот, сапуњаш и вадиш. Лента. Сериско производство.
А постарите ќе се праат попаметни:
- 0-3 месеци - ааа сега е најтешко, дека грчеви има
- 3-12 месеци - ааа сега е најтешко, дека запчиња му растат
- 12-15 месеци - ааа сега е најтешко, дека проодуваат
- 15-36 месеци - ааа сега е најтешко, дека не се разбира што сака
- 3-6 години - ааа сега е најтешко, дека сака се за себе и се тепа за играчки
- 6-10 години - ааа сега е најтешко, школо, редот да го фати, си треба внимание
- 10-14 години - ааа сега е најтешко, на женски ќе мисли, ќе сака цигарче ово/оно
- 14-18 години - ааа сега е најтешко, им удира сперма во глава, пази да не го испуштиш па да чисти улици, ќе чекаш на прозор и ќе си акаш глаата зошто касни 4 минути после 22:00
- 18-23 години - ќути сега најтешко е, држ го да го заврши факултетот и крсти се да не ти рече дека затруднил некоја, т.е. дека е трудна
- 23- бесконечно - ќути сега најтешко е, ене го не се јавил 2 дена, да не е болен, отиде на одмор во Грција а бо Турција бомбардираат, ваљда е ОК...
Нервози е стално, ама навечер кога ќе си легнат, сфаќаш колкава среќа се во животот

