Автор Тема: Ford Mondeo 1.5 TDCI  (Прочитано 16846 пати)

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #30 на: 30 Јануари 2021, 03:31:45 am »
Честито, со здравје да се вози.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #31 на: 30 Јануари 2021, 20:28:55 pm »
Со здравје да се вози, многу километри да свртиш.

Ако бројките на таблицата ти почнуваат со 33 на исти паркинг паркираме.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #32 на: 30 Јануари 2021, 20:39:52 pm »
Со здравје да се вози, многу километри да свртиш.

Ако бројките на таблицата ти почнуваат со 33 на исти паркинг паркираме.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
Да. Белата Фиеста ?

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #33 на: 30 Јануари 2021, 20:48:30 pm »
Со здравје да се вози, многу километри да свртиш.

Ако бројките на таблицата ти почнуваат со 33 на исти паркинг паркираме.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
Да. Белата Фиеста ?
Да

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #34 на: 07 Февруари 2021, 16:16:22 pm »
Купени гумени патосници од Самад, Gledring по препорака од форумов. Супер се.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #35 на: 07 Февруари 2021, 16:20:41 pm »
Ова е USA модел или европски?
Самото име Mondeo кажува дека е Европски. Произведена е во Германија, прва продажба Белгија.
Во Америка се вика Fusion.
Ме интересира како си ги контактирал Ford USA и си побарал информации за потеклото на возилово кога Ford USA и Ford Europe се две различни фирми. Зошто не ги контактираше Ford EU?
Затоа што Форд е Американска фирма, и се многу поуслуживи од Европејците :)
Додатно, што многу ме нервира е што палење од страна во Америка кошта под 300$, хидраулика за 5та врата кошта под 600$, нов клуч со тие опции под 100$. И сам да си ги донесам деловите, во Мида не знаат како да ги намонтираат.
Прашав во Мида, ми се чудеа.
А да не зборам за Devil's Eyes светлата за Форд кој не можам да ги купам во Европа...
« Последно менување: 07 Февруари 2021, 18:08:17 pm draganamon »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #36 на: 07 Февруари 2021, 18:57:51 pm »
Поздрав и од мене. Создравје да се вози :) Убаво количе.

Многу добра кола. Моторот дека е можда слаб има лек за тоа ама ако ти брка работа не се замарај.

Супер избор.

Отсутен packetloss99

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 71
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #37 на: 08 Февруари 2021, 09:28:06 am »
Здраво дечки.
Конечно и јас да го претставам моето возило.
Месецов се подновив со Ford Mondeo од 2016 година, 1.5 TDCI мотор со 120кс.

Потрагата по ново возило почна во Април 2019 поради потреба од поголемо фамилијарно возило. Од тогаш пасивно барав возило, и бев фокусиран на конкретниов модел. Имав неколку неуспешни обиди за купување, и во Ноември 2020 дигнав раце и официјално се откажав од барање. После неполни 2 месеци, Мондеово ме најде мене
И тоа со нивото на опрема кое го сакав и бојата која ја сакав. Вакво исто видов со 2016 во Мида, и се зареков дека ке го купам еден ден. И ете, начекав.

До сега поминато 500км, и јас сум презадоволен. Колава има многу високо ниво на опрема.
Моторот е добар за лежерно возење на колата, но 2.0 со 150кс повеке одговара на оваа шасија. Одлуката за купување на овој мотор е малиот број на поминати киломентри на возилото, и фактот дека последниве 2 години возам 90% со мало дете во колата, и немам потреба да забрзувам низ град, ниту пак да летам на автопат и да плакам уште казни.
Поминати 89.950км во моментот на купување. Пред купување ги исконтактирав Ford USA и ми дадоа информација за потеклото на возилото. Понатаму ги исконтактирав лизинг компанијата и компанијата каде е одржувано возилото, кој се согласија и ми пратија целосна сервисна историја која се состои од цели 3 сервиси, и тоа на:
-   30.000 км редовен сервис направен во Белгија
-   60.000 км редовен сервис и сменети плочки направен во Белгија 
-   90.000 км (т.е. 89.926 км) редовна проверка и редовен сервис во Мк после увоз.

Наредно, треба да земам патосници, летни гуми и нови бандажи (16ки, гуми 215/60R16, бандажи 6.5Jx16 ET50, размак 5x108, или 17ки, гуми 215/55R17, бандажи 7Jx17 ET50)
Еве и некоја слика:

Со здравје да се вози, баш ми е мило! Пред година и пол кога го земав спортажот, отидов до МиДа демек Кугата да ја видам, не ме бендиса, ама затоа кога седнав во Мондеото не ми се стануваше.   :-* Не се одлучив поради тоа што требаше уште 3000 евра да дадам плус, а и без гаража/паркинг место не можев да се кандисам.

Одличен дизајн, страшна комоција, со Мондео патувањето е милина(возено Мондео МК2 и МК3)

Честитки уште еднаш

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #38 на: 08 Февруари 2021, 09:43:47 am »
Одлично е Мондеото, од секогаш било, само можат поголеми тркала да ставаат сериски.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #39 на: 21 Декември 2021, 17:46:47 pm »
Бидна и првиот сервис на Мондео-то на 95.300 км. Сменето:
-   Моторно масло
-   Филтер за масло
-   Филтер за воздух
Јас отидов спремен да правам голем сервис и менувам амортизери.
За сервисот, отворивме сервисна историја, им покажав што беше сменето во Олимпија кога ја земав, и им реков да сменат што треба, како да е нивна кола. Направија мал сервис сега и се договоривме да направиме голем сервис наредната година.
За амортизерите, тие не тропаат на ладно време, па се договоривме на пролет или лето да ги смениме, за да може да истестираме убаво после промена.

Само акомулаторот да го наполнам треба. Јас очекував да испушти душа до сега, ама херојски се држи ако се земе во предвид дека колата се вози на мали релации неколку пати во ден, скоро секој ден, и ретко гледа автопат.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #40 на: 21 Декември 2021, 18:19:36 pm »
Dobro zoshto amortizeri na 95.000km?

Kade praveshe servis

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #41 на: 21 Декември 2021, 18:19:52 pm »
Мида.

Амортизерите тропкаат кога возам некој на задна клупа и поминувам низ лежечи или поголеми дупки. Кога возам сам скоро и да нема тропкање.
Ја носев во Олимпија и Мида, прогледаа што прегледаа и рекоа задните амортизери да се сменат ако ми смета тропкањето. Ако не ми смета да не ги менувам. На компјутер е ок.
Во Мида рекоа дека замениле со други амортизери и немало тропкање.
Како заладува времето тропкањето е многу поретко.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #42 на: 22 Декември 2021, 09:45:19 am »
Епа изгледа згуснува маслото внатре и прави поголем отпор.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #43 на: 24 Јуни 2022, 19:17:13 pm »
Сменети гумици за балансштангла во Мида. Со се работна рака 3500 за 2 гуимчки. На страната на аутоцентар вика дека една е 379ден.
Во Април случајно отидов и ги проверив амортизерите на компјутер, и кажаа дека се ок.
Отидов во Мида им реков да погледнат повторно пред да менуваме амортизери за 20.000 ден. Погледнаа, рекоа прво гумичките да смениме па да видеме како ке биде. Немаа на лагер, порачаа, ама дури вчера успеав да ги сменам.
Ја повозив сабајле, не тропкаше, но не знам, не се чуствувам дека тропкачето е решено, ке видеме.

Интересно, на пат накај Грција, на втората патарина како да ми се изгасна колата. Кога стасав кај смештајот, застанав да се паркирам, и колата се изгасна. Се испаничив, уште тоа ми фалеше, да ми се расипе на одмор. Испадна, со возењето се поднаполнил акомулаторот и се активира Старт Стоп системот. Леле досадна работа, не најдов начин да го исклучам по дефаулт, туку морав секогаш да претиснам копче за да не ми ја гаси колата.

Инаку, ме закачила некоја бела кола на паркинг. Ги проверив тие што беа на паркинг, не видов која. Уште Фиестата на Dule_ остана за проверување :)



Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #44 на: 24 Јуни 2022, 19:24:42 pm »
Ako ti se uklucil start stop valjda mozes da primetish. Se ostanato raboti osven motorot. Plus sigurno imash nekoja signalizacija deka start stop e aktiven