Сменети гумици за балансштангла во Мида. Со се работна рака 3500 за 2 гуимчки. На страната на аутоцентар вика дека една е 379ден.
Во Април случајно отидов и ги проверив амортизерите на компјутер, и кажаа дека се ок.
Отидов во Мида им реков да погледнат повторно пред да менуваме амортизери за 20.000 ден. Погледнаа, рекоа прво гумичките да смениме па да видеме како ке биде. Немаа на лагер, порачаа, ама дури вчера успеав да ги сменам.
Ја повозив сабајле, не тропкаше, но не знам, не се чуствувам дека тропкачето е решено, ке видеме.
Интересно, на пат накај Грција, на втората патарина како да ми се изгасна колата. Кога стасав кај смештајот, застанав да се паркирам, и колата се изгасна. Се испаничив, уште тоа ми фалеше, да ми се расипе на одмор. Испадна, со возењето се поднаполнил акомулаторот и се активира Старт Стоп системот. Леле досадна работа, не најдов начин да го исклучам по дефаулт, туку морав секогаш да претиснам копче за да не ми ја гаси колата.
Инаку, ме закачила некоја бела кола на паркинг. Ги проверив тие што беа на паркинг, не видов која. Уште Фиестата на Dule_ остана за проверување