Од немукает сеуште ми е не претставена колава која што ја поседувам од Октомври 2019та
Мерцедес Бенз Ц220 170кс Avantgarde произведена 5/2011, w204.5 редизајн
Еден од поголемите редизајни на Мерцедес, негде прочитав дека се променети 2000 елементи.
Јас го купив и увезов од Германија, DONESEN SO VOZENJE, со 127 000км, а сега има 144 000.
Кога го купив беше сервисиран така да до 138000 не сменив буквално ништо
Тогаш направив еден сервис кај Злате Бенз во Пинтија,
-сите филтри
-затегач ПК каиш
-водна пумпа комплетно
-масло и др течности
Еднаш ми ја удрија задна десна врата и ја средија во КИА сервисот во Скопје.
Опрема има скоро се што ми треба:
Би ксенон фарови со ЛЕД дневни, задни ЛЕД
3 зонска клима
Греење на предни седишта
Навигација
Блутут поврзување со телефон Спотифај, јутјуб, СД кард, УСБ
Полудигитална километража
Полукожни седишта
170кс 2200цм2
17" алу фелни
Старт стоп
Sent from my SM-G973F using Tapatalk