Другар има CX-30 2.0 122кс mild hybrid. Ја има нецели 3 години, досега има поминато 8Х.000 км и немал никаков проблем.
За висината што ја има колата очекував повеќе навалување по кривини, но можам да кажам дека баш добро се однесува и по кривини и на автопат. Менувачот (6 брзини мануелен) ме бендисува и е прилично прецизен. На задната клупа има место за 2ца комотно, но потпирачкиот дел е прилично исправен за мој вкус. Мислам дека го има вториот пакет на опрема и е доста опремена вклучувајќи и системи за безбедност.
Потрошувачка досега немам видено на борд под 7л/100км на отворено, најверојатно аеродинамиката игра улога тука. Но ова е потрошувачка со возење 120-150 на автопат. Ако се влечкаш, можеби ќе имаш пониски бројки.
Во однос на моторот (2.0), јас сум навикнат на дизел и ми фали вртежен момент. Но со време ќе се навикниш, сепак не е 1.4 атмосферец.
Чисто како инфо, малиот сервис во Мазда е ~20.000 денари. Ако во 2.5 моделот собира повеќе масло, можеби ќе биде поскап.
Се на се, многу ми се допаѓа како целина и би ја ставил во потесен круг од набројаните возила.
п.с на нова кола се подразбира да имаш каско, каросериските делови се многу скапи.