Јас купив Kia Ceed SW 1.5 DCT, модел 2024 со 160кс. Немам поминато многу, некои 13 000км до сега.
За пластиките и другите ствари, ги виде, нема што да коментираме. Кај ГТ Лајн има повеќе пијано финиш пластики.
Околу возните карактеристики, сосема задоволително, позабавно е во спорт мод. Немам со што многу да споредам, претходно, 12 години, возев 1.9 ТДИ 110кс, многу си го сакав тракторо и сеуште си го сакам, не го продадов за старо железо

Забрзувањето е солидно, менувањето на брзини е мазно.
Има простор (кај мене плус, затоа што е караван) има места за оставање тракатајнци. Седиштата се удобни.
Потрошувачка не сум мерел на безнзиска со дополнување, едноставно заборавам оти не се замарам до толку, колку ќе ставам толку троши

На борд на отворено по нашиве калдрми претежно ја возам пензионерски, околу 130, потрошувачката просечна на борд околу 5.5, некогаш под тоа. Секако сум ја испробал на повисоки брзини, многу брзо си качува потрошувачката.
Низ град последниов период ја возам релацијата Влае-Пластичарска-Мерцедес после 8:30 на сабајле, потрошувачка на борд за тие 11 км од 5.9 -7.3 и обратно после 5 поручек, Мерцедес - Пластичарска - А. Амбасада - СЦ Кале - Гоце Делчев - Илинденска - Влае 5.9 - 7.0.
Ова се вредности што сум ги забележал на борд, сигурен сум дека врска немаат. Инаку тие периоди е растеретена гужвата. Ако заглавам салам во гужва знај да си покажи докај 11 на борд.
Ме мрзи да одам сега да проверам како кажва сумирано за сите поминати км, ама не вервам многу на тие податоци, а како што спомнав немам проверено со точење на бензиска. Како и да е, не е ептен трошаџија.
Кога возам низ град, приметувам разлика во понашањето на мењачот, при застанување од втора во прва осеќам понекогаш некоја вибрација, особено ако е малку на удолница, некогаш осеќам и на забрзување прва-втора... не секогаш, ама осеќам. Тоа ме нервира!
Првиот сервис ме кошташе 8710, без промена на штопна, не менуваат овие како во Порше

Јас кога купував не разгледував многу по бутици. Онлајн само споредив која е разликата во цена со Октавија со слична опрема, Октавијата беше некоја илјадарка поскапа и одлуката падна на Киа. Тојота Корола ја пречкртав кога видов што мотор нуди во нехибрид верзијата. Друго не разгледав.
Сега да треба да купвам, со понудава на Мазда 3, големи се шансите за Мазда

ЕДИТ: Рутата од Мерцедес до Влае


EDIT 2: Рутата од Влае до Мерцедес

