Автор Тема: Ново возило до 20000 €  (Прочитано 34513 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #165 на: 14 Февруари 2021, 16:08:26 pm »
Златен...ако некој има тригер копче кога ќе се спомне некој бренд тоа си ти. И ова не го читаш прв пат и не само од мене.
Земи види си го последниов пост со цитативе и ќе ти стане појасно што зборам.

Мене си ми само забавен за читање, на моменти смешен, бидејќи  да не знаев што возиш стварно ќе помислев дека Шми се уклучил на форуов.


 ;D

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3145
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #167 на: 03 Јануари 2024, 19:26:46 pm »
Yaris Hybrid ima za 20ce

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4021
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #168 на: 05 Февруари 2025, 13:44:35 pm »
Со оглед дека возилава што биле околу 20к кога се отворила темата, сега коштат од 25 па до 35к.

Разлгедувавме доста возила во тој ценовен опсег, али генерално поблиску до 25к. Имаме само едно старо возило дома и сакаме да го замениме со ново.

Од тоа што видовме најдобар впечаток ни оставија неколку возила:

Мазда 3 и CX30, севкупниот дизајн и материјалите во ентериерот се одлични. Но тест возењето беше премногу кратко па немам никавко мислење за моторот и возните карактеристики. 25500е за Мазда 3 со 2.5NA 140hp 6МТ, и добро ниво на опрема каде влегува и металик боја. 28500e за истата опрема и мотор кај CX30.  Ми се допаѓа што не мора да се додава ништо од опрема. Негативна страна, малце е потесно за високи луѓе на задната клупа во двете возила.

Киа Цеед и ХЦеед. Цеед го видовме и возевме во ГТлајн опрема со 1.5т 140кс и ДЦТ менувач. Изгледа убаво надвор и внатре, нешто поефтини материјали од Мазда-та но изгледа поспортски. Го возевме околу 20км и сосем убаво се движи со тој погон. 26900е за ова комбо на опрема и погон. XCeed 28500е со многу слична опрема и истиот погон.

Шкода Октавија 1.5тси со ДСГ и нешто додаена опрема, со некој попуст од 2к доаѓа 28500е. Ја возев со тој мотор но со мануелен менувач и некако моторот ми делуваше мех, исто дизајнот е малце повеќе досаден, сите команди ставени во екратно,  али има многу место и е добро направена. Алтернативно може да се размиси за Скала со 1.5 и 6МТ ќе кошта доста поефтино.
==========================
Неколу реда за другите производители:

Стелантис; Сите брендови од оваа групација би го заобиколил бидејќи не сакам возило со три цилиндри посебно не со 1.2ТХП. А и квалиетот на материјалите на возилата што ги видов беше понизок од тие што ги набројав погоре.

Тојота: Корола делува премногу ефтино, ЦХР е интересно возило но солидно опремено е накај 35к.

Сузуки: Лименки со тркала, онаква пластика како што видов во ентериерот на Витара има само кај детските играчки.

Форд: Kако и кај Стелантис, сите возила со три цилиндарски мотори. Кугата во повисокоти нивоа на опрема делува убаво но заминува над 35к.

ВАГ: Голф 1.5еТси ДСГ 30500е, задните седишта ми се видео потесни од тие кај Мазда3. Купра Форментор, ми остави одличен впечаток, мислам може да се купе со 1.5етси ДСГ за 34к.
=========================

Е сеа дали некој од Форумашите можеби возеле Мазда3 со овај мотор на подолг тест па да споделат искуство, или можеби @zeroSignal ако ја имал на тест?

Мислам имаше некои членови со Цеед 1.5 ДЦТ, да споделат како им се има нив погодено во возни карактеристики, потрошувача, одржвање.

За Октавија иам доста прочитано на форумов :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8946
  • Пичлеме
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #169 на: 05 Февруари 2025, 15:20:38 pm »
Јас купив Kia Ceed SW 1.5 DCT, модел 2024 со 160кс. Немам поминато многу, некои 13 000км до сега.

За пластиките и другите ствари, ги виде, нема што да коментираме. Кај ГТ Лајн има повеќе пијано финиш пластики.
Околу возните карактеристики, сосема задоволително, позабавно е во спорт мод. Немам со што многу да споредам, претходно, 12 години, возев 1.9 ТДИ 110кс, многу си го сакав тракторо и сеуште си го сакам, не го продадов за старо железо :)

Забрзувањето е солидно, менувањето на брзини е мазно.

Има простор (кај мене плус, затоа што е караван) има места за оставање тракатајнци. Седиштата се удобни.

Потрошувачка не сум мерел на безнзиска со дополнување, едноставно заборавам оти не се замарам до толку, колку ќе ставам толку троши ;D

На борд на отворено по нашиве калдрми претежно ја возам пензионерски, околу 130, потрошувачката просечна на борд околу 5.5, некогаш под тоа. Секако сум ја испробал на повисоки брзини, многу брзо си качува потрошувачката.

Низ град последниов период ја возам релацијата Влае-Пластичарска-Мерцедес после 8:30 на сабајле, потрошувачка на борд за тие 11 км од 5.9 -7.3 и обратно после 5 поручек, Мерцедес - Пластичарска - А. Амбасада - СЦ Кале - Гоце Делчев - Илинденска - Влае 5.9 - 7.0.
Ова се вредности што сум ги забележал на борд, сигурен сум дека врска немаат. Инаку тие периоди е растеретена гужвата. Ако заглавам салам во гужва знај да си покажи докај 11 на борд.
Ме мрзи да одам сега да проверам како кажва сумирано за сите поминати км, ама не вервам многу на тие податоци, а како што спомнав немам проверено со точење на бензиска. Како и да е, не е ептен трошаџија.

Кога возам низ град, приметувам разлика во понашањето на мењачот, при застанување од втора во прва осеќам понекогаш некоја вибрација, особено ако е малку на удолница, некогаш осеќам и на забрзување прва-втора... не секогаш, ама осеќам. Тоа ме нервира!

Првиот сервис ме кошташе 8710, без промена на штопна, не менуваат овие како во Порше :)

Јас кога купував не разгледував многу по бутици. Онлајн само споредив која е разликата во цена со Октавија со слична опрема, Октавијата беше некоја илјадарка поскапа и одлуката падна на Киа. Тојота Корола ја пречкртав кога видов што мотор нуди во нехибрид верзијата. Друго не разгледав.

Сега да треба да купвам, со понудава на Мазда 3, големи се шансите за Мазда :)

ЕДИТ: Рутата од Мерцедес до Влае :)



EDIT 2: Рутата од Влае до Мерцедес :)



« Последно менување: 06 Февруари 2025, 10:22:08 am Ipkisija Meskosa »

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1880
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #170 на: 05 Февруари 2025, 15:37:28 pm »
Со оглед дека возилава што биле околу 20к кога се отворила темата, сега коштат од 25 па до 35к.

Разлгедувавме доста возила во тој ценовен опсег, али генерално поблиску до 25к. Имаме само едно старо возило дома и сакаме да го замениме со ново.

Од тоа што видовме најдобар впечаток ни оставија неколку возила:

Мазда 3 и CX30, севкупниот дизајн и материјалите во ентериерот се одлични. Но тест возењето беше премногу кратко па немам никавко мислење за моторот и возните карактеристики. 25500е за Мазда 3 со 2.5NA 140hp 6МТ, и добро ниво на опрема каде влегува и металик боја. 28500e за истата опрема и мотор кај CX30.  Ми се допаѓа што не мора да се додава ништо од опрема. Негативна страна, малце е потесно за високи луѓе на задната клупа во двете возила.

Киа Цеед и ХЦеед. Цеед го видовме и возевме во ГТлајн опрема со 1.5т 140кс и ДЦТ менувач. Изгледа убаво надвор и внатре, нешто поефтини материјали од Мазда-та но изгледа поспортски. Го возевме околу 20км и сосем убаво се движи со тој погон. 26900е за ова комбо на опрема и погон. XCeed 28500е со многу слична опрема и истиот погон.

Шкода Октавија 1.5тси со ДСГ и нешто додаена опрема, со некој попуст од 2к доаѓа 28500е. Ја возев со тој мотор но со мануелен менувач и некако моторот ми делуваше мех, исто дизајнот е малце повеќе досаден, сите команди ставени во екратно,  али има многу место и е добро направена. Алтернативно може да се размиси за Скала со 1.5 и 6МТ ќе кошта доста поефтино.
==========================
Неколу реда за другите производители:

Стелантис; Сите брендови од оваа групација би го заобиколил бидејќи не сакам возило со три цилиндри посебно не со 1.2ТХП. А и квалиетот на материјалите на возилата што ги видов беше понизок од тие што ги набројав погоре.

Тојота: Корола делува премногу ефтино, ЦХР е интересно возило но солидно опремено е накај 35к.

Сузуки: Лименки со тркала, онаква пластика како што видов во ентериерот на Витара има само кај детските играчки.

Форд: Kако и кај Стелантис, сите возила со три цилиндарски мотори. Кугата во повисокоти нивоа на опрема делува убаво но заминува над 35к.

ВАГ: Голф 1.5еТси ДСГ 30500е, задните седишта ми се видео потесни од тие кај Мазда3. Купра Форментор, ми остави одличен впечаток, мислам може да се купе со 1.5етси ДСГ за 34к.
=========================

Е сеа дали некој од Форумашите можеби возеле Мазда3 со овај мотор на подолг тест па да споделат искуство, или можеби @zeroSignal ако ја имал на тест?

Мислам имаше некои членови со Цеед 1.5 ДЦТ, да споделат како им се има нив погодено во возни карактеристики, потрошувача, одржвање.

За Октавија иам доста прочитано на форумов :D

Мазда ако не се лажам ставаат и 190 коња мапа на тој мотор, само не знам колку се движи потрошувачката.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 790
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #171 на: 05 Февруари 2025, 18:45:36 pm »
@Skywalker ако нешто значи, јас гласам за Мазда :)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1936
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #172 на: 05 Февруари 2025, 20:50:56 pm »
И јас гласам за Mazda 3, меѓутоа признавам дека сум пристрасен бидејќи премногу ми се допаѓа новиот модел. 2.5 атмосферецот е достапен во Европа во Mazda 3 од оваа година, претходно во истиот модел се вградуваше само Skyactiv-G/Skyactiv-X 2.0. Мислам дека е истиот 2.5 кој што се вградува во поголемите модели како 6, CX5..

Би ти препорачал да направиш уште едно тест возење, да ја стиснеш здраво и да процениш дали си задоволен од вртежниот момент.

Нормално како и секогаш, Skoda Octavia е best buy all rounder особено со DSG, ама лично мене ми е досадна.
« Последно менување: 05 Февруари 2025, 20:56:56 pm DimitarMK »

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 790
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #173 на: 05 Февруари 2025, 20:54:17 pm »
И јас сум пристрасен :)
Сакав да ја земам CX-5 ката што е на промоција, ама за жал ке морам да почекам уште 3-4 години.
Али ипак мислам дека топ е моторот и понудата на Мазда.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4021
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #174 на: 05 Февруари 2025, 21:05:52 pm »
@Ipkisija Meskosa фала за деталното објаснување. Најмногу ме интересираше како се однесува менувачот после одредено време и километри. За време на тест возењето делуваше доста добро и мазно менуваше.

Маздата, не сакаа да ја дадат за подолг тест, отидовме од салон до Тинекс, дали 3км беше тоа, по нерамна улица каде од 50-60кмх не можеше да се вози побрзо.

Торкот на новиов 2.5 мотор е 240нм и е сличен со тоа што нудат турбо бензиците.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2172
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #175 на: 05 Февруари 2025, 22:19:30 pm »
Ја би Мазда ЦХ30. Едино задната клупа е потесна, но тоа зависи и кој ќе се вози позади. Ако се возат деца, не би требало да е проблем просторноста.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7220
  • French diamond
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #176 на: 05 Февруари 2025, 22:31:04 pm »
Јас само ќе речам кои дебили се овие од мазда, начукале атмосферец 2500 кубици и 140 коња, за да оди одвај 200, да е 10 секунди до 100 и сигурно да троши преку 10. Well done 2025 година е.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #177 на: 05 Февруари 2025, 23:44:16 pm »
Јас само ќе речам кои дебили се овие од мазда, начукале атмосферец 2500 кубици и 140 коња, за да оди одвај 200, да е 10 секунди до 100 и сигурно да троши преку 10. Well done 2025 година е.

Ограничен е софтверски над 4500 (мислам) обртаи, мислам дека 190 му е реалната бројка

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #178 на: 06 Февруари 2025, 06:59:25 am »
Јас само ќе речам кои дебили се овие од мазда, начукале атмосферец 2500 кубици и 140 коња, за да оди одвај 200, да е 10 секунди до 100 и сигурно да троши преку 10. Well done 2025 година е.

Ne gledam niso debilno vo toa. Ako nejkesh odi zemi si 1.5 turbo. 2025 e imash izbor

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7220
  • French diamond
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #179 на: 06 Февруари 2025, 08:49:47 am »
Тоа е дебилното, што немаат турбо во 2025. 
Уште живеат во 2000-та.