Бидејќи сум во потрага на ново возило, ќе ти споделам мои досегашни искуства со тестирање на возила.
Досега возев турбо дизел и горе долу проаѓав 15К до 20К км годишно, а за ново возило се решив да е бензин дали турбо или не ќе видиме. Мене лично не ми прави разлика дали ќе троши 1-2 литра повеќе, цените како и трендот на горивата ми делува дека кога тогаш ќе се порамнат.
FordFord 1.5 TiVCT 123hp. Со овој мотор возев тест возило, атмосферец три цилиндри релативно нов и ако не се лажам произведен во 2017. Интересно искуство за мене, со оглед на тоа дека не сум возел многу атмосферци. Фокусот е интересен и забавен за возење, моторот е респонзивен но си бара да го нагазиш, менувач и педали супер синхронизирани. Го имаш на акција 17690 евра,
https://ford.mk/ford-focus-akciska-ponuda со одлична опрема. Другата опција ти е EcoBoost 1.0 со исто ниво на опрема, тој мотор ти е веќе докажан и би те чинел нешто повеќе, ако се водиш по ценовник сигурно испаѓа над 20к но верувам дека можат да ти направат понуда и за пониско, ако ти се вози седан верзија доплатата е 500 евра.
Дур бев во МИ-ДА, прашував за Елантра, имаше уште една останато со високо ниво на опременост со 1.6 атмосферецот. Од тековната Елнатра веќе нема да носат нови модели, барем јас така ги разбрав и ми кажаа дека ќе искача нов модел и ќе го чекаат за да го донесат, цената најверојатно ќе биде нешто над 20К.
Peugeot- Peugeot 2008 1.2 130hp, PureTech Allure ниво на опрема. Моторот со таа коњажа е супер за ова возило, јас не би одел со послаб. Дизајн на екстериер, ентериер, комфорт и ергономија се одлично замислени, се потрудиле да експериментират и не згершиле. Малце чудно на прв поглед изгледа инструмент таблата со воланот но после кратко возење одма се навикнуваш и веќе забораваш на тој детал. Мислам дека со Allure опрема можат да ти направат некоја понуда околу 20К.
- Peugeot 308 BlueHDI 1.5 100hp. Си пишал дека не те интересира, но има едно возило останато со акциска цена од околу 16к,pre facelift, со стандардно ниво на опрема. Не знам зошто но задната клупа е малце компромитирана за да добијат поголем багажник. Дизел моторот е одличен и релативно тивок, на хартија ептен економичен.
Двете возила се супер за возење со моторите кои ги имаат, солидно составени и комфортни, изолација на поголеми брзини е ок, можда нешто послаба кај 308цата, но ништо страшно. Во 2008цата направиле напори со позиција на седење за да ти даде чувство како да си во СУВ, не ја гледам поентата но ете, некој веројатно го бара и тоа.
KIAВозев Ceed и Xceed со 1.0 T-GDi 120hp, Xceed е каде каде по eye candy, но и Ceed e сосема добро стокмен. Мислам дека оној 1.4 Т-GDi подобро ќе ги носи и двата модела, ми кажаа дека оваа година ќе донесат понуди со различни мотори. На брзини околу 120, не ми текнува дали кај двата или само кај Ceed изолацијата не е баш нај нај но тоа не е некој пресуден фактор, понудата е одлична за цената и опремата со која ги нудат возилата.
SkodaKamiq понудата со 1.5 DSG е доста примамлива, за жал немаа тест возило со тој мотор. Јас го имам возено со 1.0 115hp и реално тој мотор е сосема доволен, не знам зошто го тргнале како понуда... од друга страна со 1.5 делува како да ќе можеш и да се курчиш.
Kamiq генерално е одличен за низ град и на отворено, ги апсорбира нерамнотиите, солидно е склопен, простран и е многу комфортен. Не очекувај некој дизајнерски ефект што ќе плени и ќе отстапува како кај 2008цата но реално не му е тоа намената. Мене лично дизајнот на Шкода возилата ми е ок.
ToyotaToyota Corolla Sedan. Мислам дека си пишал за тоа едно возило што им е останато, батали го тоа. До крај на оваа недела ќе им донесат нови седани со еден нов мотор кој го преставија во Yaris, 1.5 атмосферец 125hp surprise surprise три цилиндри, моторот е ептен нов и реално нема некој информации за тоа колку е добар и како ќе се носи до кај 200000 km, бидејќи е Toyota во прашање да се надеваме дека не направиле некој промашај.
Најверојатно следната недела ќе регистриаат едно тест возило па ќе може да се проба. Инаку на страната ги имаат објавено цените, акциски ја нудат за 17К со сега изменета и според мене многу подобра опрема, си има инфотејмeнт со задна камера и сл.
-
https://www.toyota.com.mk/promocija/novata-corolla-sedan-najprodavaniot-avtomobil-vo-svetot/ -
https://www.toyota.com.mk/content/modelspdfs/615-corolla-sedan-mk-1.pdf?t=1611184830Од аспект на безбедност ова го нудат како стандардна опрема:
TOYOTA SAFETY SENSE 2 active safety system:
> Pre-Collision System систем за препознавање на пешаци и велосипедисти
> Adaptive Cruise Control адаптивен темпомат
> Lane depart assistant систем за следење на патна лента со корекција на волан
> Automatic high beam светла со автоматско прилагодување на долги светла
ОpelНе стигнав ништо од Опел да возам, сакав Astra K но во Аутомакедонија немаа на лагер, но знам дека имаат една Insignia Grandsport 1.5 турбо бензин 165hp тест возило, 2017 или 2018 година е со некој си 15000 km поминати, од опрема фали уште да знае кафе да ти направи. Ако ти прави Octavia мерак вреди да идеш да ја пробаш, цената е некаде околу 19К.
Можеш да се јавиш во Аутоцем или да си побараш понуда преку веб, таму има две Астри К дизел на лагер останато, ако сакаш дизел.
Се надевам дека ќе најдеш нешто корисно од ова погоре, со среќа и со лесно барањето.